Таки Павловски
| Таки М. Павловски | ||
| Роден | 1939
Желин, Кралство Грција | |
|---|---|---|
| Починал | 18 мај, 2023 Скопје, Македонија | |
| Занимање | сликар | |
Таки М. Павловски (Желин, Костурско, Егејска Македонија, 1939 — Скопје, 18 мај 2023) ― македонски сликар.
Животопис
[уреди | уреди извор]Павловски е роден во 1939 во костурското село Желин. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 патувал во Париз како стипендист на француската влада, а во 1995 и 1990 година користи и сликарско ателје во Париз. Член е на ДЛУМ од 1967 година. Доцент е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и работи во Скопје. Има три ќерки, музикологот и пијанистката Мирјана Павловска - Шулајковска, уметницата Марија Павловска и пијанистката Јана Павловска.[1] Има остварено мноштво самостојни изложби во земјава и странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ, I Зимски салон (1992) и Награда за сликарство „11 Октомври“ (1998).[2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Интервју со Јана Павловска, пијанистка“. Вест. 12 август 2011, 15:08. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2012-02-14. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help) - ↑ „Дневник. „Изложба на дела од Таки М. Павловски"“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2012-02-14.
- ↑ Вест. „Запреното време на сликите на Таки Павловски“[мртва врска]