Таки М. Павловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1939
Желин, Костурско ,  Грција
Занимање сликар


Таки М. Павловски (Желин, Костурско, Егејска Македонија, 1939) е познат македонски сликар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Павловски е роден во 1939 во костурското село Желин. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 патувал во Париз како стипендист на француската влада, а во 1995 и 1990 година користи и сликарско ателје во Париз. Член е на ДЛУМ од 1967 година. Доцент е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и работи во Скопје. Има три ќерки, музикологот и пијанистката Мирјана Павловска - Шулајковска, уметницата Марија Павловска и пијанистката Јана Павловска[1]. Има реализирано мноштво самостојни изложби во земјава и странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ, I Зимски салон (1992) и Награда за сликарство 11-ти Октомври (1998).[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]