Така прават сите (опера)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Така прават ситеопера во два чина на Волфганг Амадеус Моцарт.

Содржина[уреди | уреди извор]

По наговор на Дон Алфонсо, двајца млади војници, Ферандо и Гулиелмо, сакаат да ја проверат чесноста на своите свршеници, сестрите Фиордилиџи и Дорабела. Затоа, тие кажуваат дека ќе одат во војна, а потоа се маскираат и им се додворуваат на девојките. На почетокот, сестрите ги одбиваат додворувачите. Но, тогаш се вмешува младата шанкерка Деспина, која прифаќа да посредува меѓу војниците и сестрите и ги убедува нив да ја прифатат понудата. Во вториот обид да допрат до сестрите, војниците се претвораат дека испиле отров, а тогаш настапува Деспина, во улога на лекар. Таа ги наговорува девојките да помогнат во лечењето на војниците, терајќи ги да направат прељуба.

Тогаш, Дорабела го избира маскираниот Гулиелмо (кој е свршеник на нејзината сестра). Така, Дорабела и Гулиелмо поминуваат убава вечер, а тој успева да ја земе сликата на нејзиниот вереник, а на нејзиното место да стави срце, кое понатаму станува доказ за нејзиното неверство. Фиордилиџи го одбива Ферандо (свршеникот на Дорабела) и затоа, Дон Алфонсо инсистира на нова нивна средба. Фиордилиџи е решена да се одбрани од искушението и сака да оди во логорот кај својот сакан, но Ферандо е упорен, не само поради опкладата, туку и воден од желбата да му се одмазди на Гулиелмо, кој ја освоил неговата сакана.

Потоа, маскираните војници и девојките склучуваат брак. На самиот чин на склучувањето на бракот, воената музика го најавува враќањето на војската и тогаш се откриваат измамата и прељубата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска опера и балет, Програма - декември 2014, Скопје, 2014.