Таијас Браунинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англија Таијас Браунинг
Лични податоци
Роден на 27 мај 1994(1994-05-27)(29 г.)
Роден во Ливерпул, Англија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 27
Младинска кариера
Евертон Евертон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012– Евертон Евертон 7 (0)
2014Виган Атлетик Виган Атлетик 2 (0)
Репрезентација
2010 Англија Англија 17 2 (0)
2013 Англија Англија 19 4 (0)
2014- Англија Англија 20 5 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Таијас "Тај" Браунинг (роден на 27 мај 1994 во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Евертон.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Талентиран десен бек познат по неговото брзо темпо и физичка сила.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клубови[уреди | уреди извор]

Евертон[уреди | уреди извор]

Роден во Ливерпул, но има кинеско потекло. Браунинг се приклучил на академијата на Евертон во 2004 година и оттогаш има забележано некои импресивни достигнувања за време на неговиот престој во клубот. Тој направил неколку настапи за Евертон во категоријата под 18 години во текот на сезоната 2009-10, а исто така бил дел од тимот на карамелите кој настапил на FA Youth купот.[1]

Во јуни 2011 година, Браунинг потпишал двегодишен професионален договор со клубот, само неколку недели откако му помогнал на составот под 18 години да ја освои националната титула.

Тој сега е редовна стартер во тимот под 21-на година, а во април 2012 година, им помогнал да стигнат до последните четири на Далас купот. На 30 декември 2012, тој бил повикан за натпреварот на првиот тим на Евертон од менаџерот Дејвид Мојес во поразот од Челзи со 1-2, но останал неискористена резерва.

По враќањето од заем го имал својот втор повик за првиот тим на 1 март 2014, во победата над Вест Хем Јунајтед со 1-0, но ниту новиот менаџер Роберто Мартинес не му дал шанса да дебитира.

Виган Атлетик[уреди | уреди извор]

На 10 јануари 2014, Браунинг заминал на едномесечен заем во Виган Атлетик,[2][3] правејќи го своето професионало деби еден ден подоцна против Борнмут во победата од 3-0, заменувајќи го Џејмс Перч во второто полувреме.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Браунинг бил повикан во репрезентацијата на Англија до 17 години заедно со својот соиграч од академија на Евертон Џон Лундстрам.

Во март 2013, е повикан за репрезентацијата на Англија до 19 години, а своето деби го направил во натпревар против Турција.

Тој исто така има право да ја претставува репрезентацијата на Кина на меѓунродно ниво.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Таијас Браунинг“. Архивирано од изворникот на 2014-06-18. Посетено на 2014-03-05.
  2. „Латикс го доведе Таијас Браунинг на заем“. Wigan Latics. 10 јануари 2014. Посетено на 11 јануари 2014.
  3. „Одбранбениот играч на Евертон, Таијас Браунинг му се приклучи на Виган на заем“. Архивирано од изворникот на 2014-01-12. Посетено на 2014-03-05.
  4. „Виган Атлетик vs. Борнемут АФК 3 - 0“. Soccerway. Посетено на 11 јануари 2014.