Таганај
| Национален парк Таганај | |
|---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
| Место | Чељабинска Област, Златоуст, Русија |
| Најблизок град | Златоуст |
| Координати | 55°15′35″N 59°47′33″E / 55.25972°N 59.79250°E |
| Воспоставен(а) | 5 март 1991 |
| Мрежна страница | http://taganay.org/ |
Таганај (руски: Таганай, башкирски: Тағанай) — група планински гребени во Јужен Урал, на територијата на Чељабинската Oбласт, со највисока точка која се издига на 1178 м. надморска височина. Националниот парк Таганај бил основан во 1991 година, а неговата југозападна граница се протега до периферијата на Златоуст. Вкупната површина на паркот е околу 568 километри квадратни, со растојание од 52 километри од север кон југ и ширина од околу 10-15 километри.
Огромен дел од паркот е покриен со шуми од сибирска смрека, бор, ариш, јасика, врба, липа и евла. Регистрирани се над 750 видови растенија, од кои некои се наведени во Црвената книга. Ова е исто така дом на многу животински видови, волци, рисови, кафеави мечки, куни, лосови и видри. Паркот е исто така дом на околу 180 видови птици, 55 видови цицачи и 10 видови риби. Некои од нив се евидентирани и во Црвената книга.[1]

Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Taganay National Park“. PeakVisor (англиски). Посетено на 2021-05-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична мрежна страница на Националниот парк Таганај (руски)
- Националниот парк Таганај на Викимапија