Табернас (пустина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на пустината

Табернас (шпански: Desierto de Tabernas) — полупустина во Шпанија која се наоѓа во југоисточната покраина Алмерија. Пустината е сместена во внатрешноста на покраината, околу 30 км северно од покраинскиот главен град Алмерија во општината Табернас.[1] Поради високата надморска височина и внатрешната местоположба, Табернас бележи незначително повеќе врнежи годишно (повеќе од 200 мм годишно) и пониска просечна годишна температура од крајбрежните области на Алмерија. Пустината е природен резерват и заштитено подрачје на површина од 280 км2.

Клима[уреди | уреди извор]

Во пустината Табернас се среќаваат различни климатски подвидови на пустинска (BWh и BWk) и степска клима (BSh и BSk). Пустината се наоѓа меѓу планините Сиера де лос Филабрес на север и Сиера де Алхамилија на југ и југоисток, кои ја отсекуваат од влијанието на влажните ветрови од Средоземното Море во област позната како Леванте.

Геологија и биологија[уреди | уреди извор]

Малите количества на врнежи главно паѓаат одеднаш, така што почвата не е во можност да ја задржи влагата и се со стои од малку вегетација, главно од лапорец и песок. Врнежите предизвикуваат ерозија, со што се создава впечатлив пејзаж на рѓосана земја. Животинскиот свет го сочинуваат ежови, чавки, модри дроздови, чурулинци и цуцул-чучурлиги.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Williams, Jo. „DESIERTO DE TABERNAS NATURAL AREA“. Посетено на 15 јануари 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]