ТТК банка

Од Википедија — слободната енциклопедија

ТТК Банка АД Скопје — македонска универзална банка која, мерено според големината на активата, спаѓа во групата средни банки. Таа дејствува како акционерско друштво во својство на правно лице и под ова име настапува од 1 јули 2006 година, како резултат на спојување на „Тетекс-Кредитна Банка“ А.Д Скопје и „Тетовска Банка” А.Д Тетово. Вкупниот број на вработени во банката на 31 декември 2010 година изнесува 249. ТТК Банка располага со широко распространета мрежа на филијали и експозитури низ цела територија на Македонија, со вкупно 8 филијали и 21 експозитура. Адресата на нејзиното регистрирано седиштето е на ул. Народен фронт 19а, 1000 Скопје.

Мисија и визија на ТТК Банка[уреди | уреди извор]

Мисијата на ТТК Банка е да биде најдобра банка-партнер за малите и средни претпријатија во Македонија и банка на прв избор на клиентите од население, стремејќи се кон создавање на највисоки вредности за своите клиенти и акционери.

Визијата на ТТК Банка е да создава вредности за клиентите и вработените, како и за акционерите преку ангажманот на вработените и постојано подобрување на квалитетот на работењето.

Активности на банката[уреди | уреди извор]

ТТК Банка нуди богато портфолио на производи и услуги за правни и физички лица, преку континуирано следење на потребите и барањата на купувачите. Финансиски активности кои банката може да ги врши согласно дозволата за основање и работење издадена од Гувернерот на НБРМ се:

  • Прибирање на депозити и други повратни извори на средства
  • Кредитирање во земјата, вклучувајќи факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
  • Кредитирање во странство, вклучувајќи факторинг и финансирање на комерцијални трансакции
  • Издавање и администрирањер на платежни средства (парични картички, чекови, меници)
  • Финансиски лизинг
  • Менувачки работи
  • Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи
  • Брз меѓународен трансфер на пари (во соработка со Moneygram)
  • Издавање на платежно гаранции, авали и други форми на обезбедување
  • Изнајмување сефови,остава и депо
  • Тргување со инструменти на пазарот на пари (меници, чекови, сертификати за депозит)
  • Тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали
  • Тргување со хартии од вредност
  • Купопродажба, гарантирање и пласман на емисија на хартии од вредност
  • Посредување во продажба на полиси за осигурување
  • Посредување во склучување на договори за кредити и заеми
  • Обработка на анализа на информации за кредитна споспбност на правни лица
  • Економски-финансиски конслатинг

Кредити за правни лица кои ги одобрува банката:[1]

  • Компас бизнис кредит
  • Бизнис комбиниран кредит
  • Краткорочни денарски кредити
  • Долгорочни кредити за инвестиции или за набавка на трајни обртни средства
  • Долгорочни денарски кредити кои се реализираат преку банката
  • Дозволено пречекорување на сметката (OVERDRAFT)

Кредити за физички лица кои ги одобрува банката:[2]

  • Автомобилски кредит
  • Станбен кредит
  • Потрошувачки кредит за купување на производи/услуги преку кредитни посредници на ТТК Банка
  • ВИП кредит-ненаменски потрошувачки кредит
  • ФИН кредит-ненаменски потрошувачки кредит
  • Ненаменски потрошувачки кредити обезбедени со депозити
  • Ненаменски потрошувачки кредит со залог на недвижен имот

ТТК Банка ги издава следниве видови картички:[3]

  • VISA Electron - Дебитна картичка
  • VISA Classic Revolving – Кредитна картичка
  • VISA Business Revolving
  • Diners Club - ТТК Банка персонална картичка

Сопственичка структура и менаџмент на ТТК Банка[уреди | уреди извор]

Почетниот капитал запишан во Централниот регистар изнесува 907.888.000 денари, и тоа:[4]

  • Број на акции – 907 888;
  • Номинален износ на акциите – 1 000 денари;
  • Најголем дел од акциите се во сопственост на Тетекс АД Тетово - учество од 40,67% во вкупниот број на акции;
  • Петролгас ДОО Тетово поседува 3,15% од вкупниот број на акции;
  • Физички лица поврзани со Тетекс АД Тетово – 0,40% од вкупниот број на акции;
  • Европска банка за обнова и развој (EBRD) – 25,00% од вкупниот број на акции.

На почетокот на 2011 година, членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка се:[5]

  1. м-р Глигорие Гоговски, претседател;
  2. проф. д-р Тито Беличанец, член;
  3. Доне Таневски, член;
  4. проф. д-р Михаил Петковски, член;
  5. Борислав Трповски, член;
  6. проф. д-р Методија Несторовски, член;
  7. м-р Мери Елен Олинс, член.

Членови на Управниот одбор на ТТК Банка се:[6]

  1. д-р Драгољуб Арсовски, претседател;
  2. Петер Хајнц Молдерс, член.

Финансиски резултати[уреди | уреди извор]

На 31 декември 2010 година активата на банката изнесува 6 037 522 денари, така што ТТК Банка припаѓа во групата на средни банки.

  • Капиталот и резервите на банката изнесуваат 959 572 денари.
  • Стапка на поврат на просечната актива (ROAA) = 0.80%.
  • Стапка на поврат на просечниот капитал (ROAE) = 5.56%.
  • Стапката на адекватност на капиталот = 17.93%.
  • Добивката по оданочувањето во 2010 година изнесува 45 649 000 денари.
  • Вкупните приходи во 2010 година изнесуваат 3 524 059 000 денари.
  • Вкупните расходи во 2010 година изнесуваат 3 474 988 000 денари.[7]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Активната поdдршка на ТТК Банка АД Скопје се препознава во разни активности на спонзорства и донации во културата, спортот и образованието, за што банката има добиено повеќе награди и признанија за општествено одговорна компанија во Македонија:[8]

  • Национална награда за општествена одговорност 2008 година, во организација на Министерството за економија на Македонија.
  • Водачи на Општествена одговорност, награда за корпоративна филантропија 2009 година, во организација на Центарот за институционален развој.
  • Награда „Различни а еднакви“ во организација на агенцијата „Делта Ексклузив“.
  • Национална награда за општествена одговорност 2010 година во организација на Министерството за економија на Македонија.
  • Благодарница од Фондацијата ПСМ за повеќегодишен придонес во организирањето на Глобалната недела на претприемништво.
  • Признание за ТТК Банка за поддршка на лицата со посебни потреби - „Различни а еднакви“.

Во 2016 година, ТТК банка била избрана за национален шампион во категоријата „Награда за иновација“ во рамките на европските бизнис награди, воорганизација на „RSM International“.[9]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. ТТК Банка АД Скопје[мртва врска]
  2. „ТТК Банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2014-04-03. Посетено на 2012-01-11.
  3. ТТК Банка АД Скопје[мртва врска]
  4. „ТТК Банка АД Скопје“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-03. Посетено на 2012-01-11.
  5. „ТТК Банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2014-04-03. Посетено на 2012-01-11.
  6. „ТТК Банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2014-04-03. Посетено на 2012-01-11.
  7. Комисија за хартии од вредност[мртва врска]
  8. „ТТК Банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2012-04-30. Посетено на 2012-01-11.
  9. „ТТК банка избрана за национален шампион на европските бизнис награди 2016/2017“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]