Арменско

Координати: 40°46.37′N 21°18.12′E / 40.77283° СГШ; 21.30200° ИГД / 40.77283; 21.30200
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од С. Ерменско)
Арменско
Άλωνα
Старото училиште во Арменско
Старото училиште во Арменско
Арменско is located in Грција
Арменско
Арменско
Местоположба во областа
Арменско во рамките на Лерин (општина)
Арменско
Местоположба на Арменско во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°46.37′N 21°18.12′E / 40.77283° СГШ; 21.30200° ИГД / 40.77283; 21.30200
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаЛерин
Надм. вис.&100000000000010000000001.000 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно164
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Арменско или Ерменско (грчки: Άλωνα, Алона; до 1927 г. Αρμένσκο, Арменско[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Арменско дава многу опширен и детален опис во кој меѓу другото за географијата, местоположбата и природните одлики на околината запишал дека селото Арменско се наоѓа 2 часа на запад од Лерин и е расположено на долниот крај на таканаречената Леринска Долина под самата Бигла на почетокот на Леринската Река која започнува ½ час над селото[4]. Тоа е расположено покрај една река којашто се нарекува Стара Река[4]. Реката тука тече бујно и шумно, а бреговите се стрмни[4]. Селото е изградено на левиот брег на реката во должината по брегот[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Во времето на својата посета во 1896 година на крајот на XIX век Ѓорче Петров запишал дека Арменско имало 120 куќи со околу 720 жители под духовенство на Грчката патријаршија. Повеќето куќи се покриени со слама (сламеници) и се распрснати по брегот без ред, а поради тоа што наклонот на брегот е приближно 45 степени, затоа било многу мачно да се оди по улиците. Меѓу мештаните се раскажувало дека некогаш селото (не се знае точно кога) било погоре и поназапад од сегашното место на ребрата на планината Бигла, при што тоа се состоело од колиби на лажичари (луѓе кои прават лажици) и имало своја црква од која сега останало само името. Тие лажичари го основале сегашното село Арменско, откако слегле подолу. Никој во селото не знае од каде го добило тоа име. За доселеници арменци не се споменува ниту во песните, ниту во приказните, а во физичкиот изглед (тип) не се забележувал ерменски тип. Ерменците се црнооки, а тукашните луѓе се сите сивооки и со бело-црвена кожа. Во селото има една црква посветена на св. Атанасиј летен и еден нов манастир посветен на св. Ѓорѓи изграден пред 20 години (1870-тите) и расположен на јужниот брег на реката наспроти селото на растојание од 3 минути од него. Целото село е чифлик. Пред 15-16 години селаните божем го откупиле од бегот и во тоа време не му ги плаќале давачките, но сега бегот им го откажа тоа на селаните и сака повторно да го земе селото. Во селското училиште по желба на самите селани учителот ги учел децата на бугарски. Поголемиот дел од населението сакало да се откаже од грчкото духовенство, но спорот којшто го имаат со бегот не им дозволувлал да го направат тоа.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 991 682 564 342 254 220 237 211 164
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 139–140. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 458–459. ISBN 978-608-245-113-8.