Сјујумбике
Сјујумбике | |
---|---|
Хан на Казан | |
![]() Сјујумбике со синот Утјемиш Гиреј | |
Роден(а) | 1516 година |
Починал(а) | по 1554 година |
Сопружник | Џан Али (1533–35) Сафа Гиреј (1536–49) Шахгали (по 1553 г.) |
Деца | Утјемиш Гиреј |

Сјујумбике (латински: Söyenbikä, Sujumbike; кирилица: Сөембикә) (1516 – по 1554 година) — ногајски владетел, односно хан. Таа била регент на Казан за време на детството на нејзиниот син од 1549 до 1551 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Таа била ќерка на ногајскиот благородник Јосиф Бак и сопруга на Џан Али (1533–35), Сафа Гиреј (1536–49) и Шахгали (по 1553). Во 1549 година, таа станала регент за време на детството на нејзиниот син, Утјемиш Гиреј.
Во 1551 година, по првото делумно освојување на Казанскиот ханат од страна на Иван Грозни, таа била насилно преместена во Москва со нејзиниот син, а подоцна се омажила за Шахгали, хан на Касим и Волшките Татари, и лојален на Русија.
Легенда за самоубиство
[уреди | уреди извор]Таа е национален херој на Татарстан. Нејзиното име е поврзано пред се со кулата Сјујумбике, каде Иван Грозни сакал да се ожени со неа, па таа се согласила дека ако ѝ изгради кула направена со седум нивоа (по еден за секој ден во неделата), тогаш таа ќе се омажи за него. Иван Грозни наводно ја завршил кулата во текот на една недела, па Сјујумбике се качила на врвот на кулата и откако погледнала во нејзиниот Казан, толку се преплавила од емоции за својот народ што не можела да поднесе да се омажи за царот и скокнала. Сепак, вистинскиот датум на нејзината смрт и нејзиниот гроб остануваат непознати.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kefeli, Agnes (2008). Smith, Bonnie G. (уред.). The Oxford Encyclopedia of Women in World History. Oxford [England]: Oxford University Press. ISBN 9780195148909.