Прејди на содржината

Сфинкс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Двобојна мачка од пасмината сфинкс

Сфинкс — најпознатата пасмина домашна мачка без влакна, чувствителна на поголема топлина и студ, поради што главно се чува во затворен простор. Ова е интелигентна и љубопитна мачка, многу приврзана кон својот сопственик. Нејзината просечна тежина изнесува од 3,5 до 7 кг.

Мутацијата што создава мачки без влакна е забележана неколку пати во 19 век. Првиот сфинкс бил мачка омачена во 1966 година, но немала потомство. Во 1978 година, во Торонто, мачка со долги влакна го омачила првото легло мачиња без влакна, од кои едно било спарено со мачор од пасмината девон рекс за да се добие потомство без влакна.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]