Сфинга во Бучеџи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон сфингата
Сфингата од Бучеџи

Сфинга (романски: Sfinxul) – е природна карпеста формација во Паркот на природата Бучеџи која се наоѓа во Бучеџишките Планини во Романија. Лоцирана е во комплексот на карпести формации Бабеле, на надморска височина од 2216 метри.

Првата фотографија на „Големата сфинга во Бучеџи“ најверојатно била снимена околу 1900 година. Оваа фотографија била направена фронтално, а не странично, како што обично се појавува на сликите во денешно време. Прекарот, добиен врз основа на наликувањето на Големата сфинга во Гиза, го добила во 1936 година. Сликата на сфингата се појавила кога карпата, со висина од 8 и ширина од 12 метри, била гледана под одреден агол . Мегалитот најјасно се оцртува на 21 ноември, кога Сонцето заоѓа.[1][2][3]

Во романски филмови[уреди | уреди извор]

Сфингата од Бучеџи се појавува во филмот „Дакијци“ од 1967 година, каде што е жртвено место за богот Залмоксис. Се појавува и во филмот „Буребиста“ од 1980 година, во кој се изедначува со античкиот дачијски крал и вечноста на романскиот идентитет.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.tourist-informator.info/en/tourist-information/busteni/free_time_entertainment-local_attractions-sfinxul_din_bucegi_-60-busteni/
  2. "Sfinxul din Muntii Bucegi". конс. 13 March 2017. 
  3. Louise McTigue, уред. (2014). "Bucegi Natural Park". Nature Flip. Latitude: 45.382416 Longitude: 25.449116. About Bucegi Natural Park: Located in south central Romania in the Bucegi Mountains, Bucegi Natural Park covers a total area of 325 km2 (~125 sq mi). Half falls within the Dâmbovita county with the remainder split relatively equally between Prahova and Brasov. Unsurprisingly, given its location, it is a mountainous landscape with caves, canyons, sinkholes, valleys and waterfalls, alongside meadows and forests. Significant features include the Babele (Old Women) and the Sphinx. 
  4. Ciprian Plăiașu, "Mitul strămoșilor în „epopeea națională“: Dacii, Columna și Burebista", Historia, 20 December 2011

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 45°24′30″ СГШ; 25°28′11″ ИГД / 45.408303° СГШ; 25.469806° ИГД / 45.408303; 25.469806