Сферозом

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сферозомите се органели својствени за растителната клетка и во нив се врши синтеза на масни материи. Слични се со масните клетки бидејќи боењето е со исти бои како и кај масните клетки. Тие се обвиени со липопротеинска мембрана.Внатрешноста е наречена строма и има зрнест изглед.Содржи масни материи и ензими.Со развитокот зрнестиот изглед на стромата исчезнува и се добива хомогена строма.