Суџоу (река)
| Суџоу Вусонг (吴淞江) | |
|---|---|
Поглед на реката Суџоу од мосто Ваибаиду | |
![]() | |
| Етимологија | Суџоу и Вусонг |
| Изворно име | 苏州河 |
| Местоположба | |
| Држава | Кина |
| Покраини | Џјиангсу, Шангај |
| Град | Суџоу, Шангај |
| Физички особености | |
| Извор | Езеро Таи |
| • место | Суџоу |
| • координати | 31°5′35″N 120°35′9″E / 31.09306°N 120.58583°E |
| Устие | Хуангпу |
• место | Шангај |
• координати | 31°14′41″N 121°29′13″E / 31.24472°N 121.48694°E |
| Особености на сливот | |
| Речен слив | Хуангпу |
Суџоу (упр. кин.: 苏州河 трад. кин. : 蘇州河 пинјин: sūzhōu hé) — кинеска река што тече низ Шангај каде што се влева во реката Хуангпу. Реката го добила името според богатиот град Суџоу во соседната покраина Џјиангсу, кога Шангај сè уште бил само село.
Реката се нарекува и Вусонг (поедноставен кинески: 吴淞江; традиционален кинески: 吳淞江; пинјин: wúsōng jiāng).
Географија
[уреди | уреди извор]Реката Суџоу е една од главните реки што извираат во езерото Таи. Таа е долга 125 км, од кои 54 км се во општината Шангај и 24 км во внатрешните градски области. Се влева во реката Хуангпу северно од Бунд.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, за време на ерата на странски концесии, реката ја означувала границата помеѓу британската концесија основана на десниот брег и американската концесија која се наоѓала на левиот брег. Овие две концесии се споиле во 1863 година за да ја образуваат меѓународната концесија.
Културни аспекти
[уреди | уреди извор]Суџоу е клучен елемент на германско-кинескиот филм „Реката Суџоу“ (2000) од режисерот Лу Је, кој ги прикажува животите на обичните луѓе во старите квартови на северниот брег на почетокот на новиот милениум.
