Сушење на дрво
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Сушење на дрвото е систем од методи и техники за отстранување на непотребната вода (влага) од дрвото. Намалувањето на водата во дрвото се изведува со сушење. За сушење на масивното дрво се користат следниве начини:
- сушење без доведување топлина и
- сушење со доведување топлина (вештачко топлинско сушење).
Во првата група влегуваат: природното (атмосферско), механичкото и биолошкото сушење.
Во втората група влегуваат: конвективното и контактното сушење, сушењето со зрачење, со прегреана водена пареа, со високочестотна електрична енергија, во вакуум, со хидрофобни течности, со сончева енергија и со хемиски средства.
Најголема практична примена имаат природното сушење (на отворен простор, под стреи или комбинација од двете) и конвективниот метод (сушење во специјални објекти – сушилници). Покрај сушењето на масивното дрво, постојат методи и техники за сушење на фурнири и дрвени иверки. Сушењето на фурнирите се врши по вештачки пат во сушилници (кај некои сечени фурнири и по природен пат), додека сушењето на дрвените иверки се врши само по вештачки пат.
Извор
[уреди | уреди извор]Македонска Енциклопедија, проф. д-р Борче Илиев, Шумарски факултет, Скопје, Сушење на дрвото стр. 1460-1461, МАНУ, Скопје, 2009.