Прејди на содржината

Сухој Су-24

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сухој Су-24
Су-24М, мај 2009 година
Намена Ноќен борец, Авион за напад
Земја на потекло Советски Сојуз / Русија
Производител Сухој
Прв лет 2 јули 1967
Пуштен 1974
Состојба Во употреба
Корисници Руски воздухопловни сили
Украински воздухопловни сили
Ирански воздухопловни сили
Алжирски воздухопловни сили
Год. на производство 1967–1993
Произведени Приближно 1,400

Сухој Су-24 (руски: Сухой Су-24, НАТО назив: Fencer) — млазен авион со две седишта и два мотори, развиен во Советскиот Сојуз од Сухој. Тоа бил првиот од авионите на СССР што носел интегриран дигитален систем за навигација/напад. Останува во служба со руските воздухопловни сили, сириските воздухопловни сили, украинските воздухопловни сили, алжирските воздухопловни сили и разни други воздушни сили во кои бил извезен.