Сухој Су-2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сухој Су-2
Пилоти на Су-2 и копнениот персонал, Су-2 во позадина
Намена Лесен бомбардер
Земја на потекло Советски Сојуз
Производител Сухој
Конструктор Павел Сухој
Андреј Туполев
Прв лет 25 август 1937
Пуштен декември 1939
Повлечен 1944
Корисници Советски воздухопловни сили
Произведени 910

Сухој Су-2 (руски: Сухой Су-2) — советски авион, проектиран за да обезбеди извидување, блиска воздушна поддршка и лесно бомбардирање, кој бил користен во раните фази на Втората светска војна. Тој бил првиот авион дизајниран од Павел Сухој. Основниот дизајн добил надградба на моторот и вооружувањето (Су-4) и бил изменет за улогата за копнен напад (ШБ).