Суфиски приказни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Суфиски приказни - збирка суфиски приказни, објавена во 2017 година од страна на издавачката куќа „Темплум“, а во превод на Никола Гелевски и Александра Бубевска.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена како 119. книга од библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 101 страница. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-4658-65-8. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Кома“, лектурата ја извршил Бобан Карапејовски, а книгата е испечатена во печатницата „Пропоинт“, во тираж од 300 примероци. На предната корица е ставен портрет на суфи од раниот 17 век. На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 80 приказни, а на крајот од книгата е ставен список со избрана литература за суфизмот:[2]

  • Опит
  • За божјата суштина
  • Скапоцениот камен
  • Безвредна молитва
  • Стомната за вода
  • Вредноста на царствата
  • Алчноста, услужливоста и невозможното
  • Махмуд и дервишот
  • Одговорот на старицата
  • Чистач на нужници
  • Чевли
  • Три вистини
  • Кучето и дервишите
  • Приказната за Фази Раби
  • Јадењето и восхитувањето
  • Расипаниот човек и дервишот
  • Секој со своето
  • Исправка
  • Цветот и каменот
  • Оние што знаат
  • Зошто го направив тоа?
  • Направи повеќе отколку само да му се смееш на будалиот
  • Мојсеј и пастирот
  • Сè во свое време
  • Стариот ковчег на Нури бег
  • Награда
  • Глава од магаре
  • Градинар
  • Зарем постои поголем?
  • Вистинскиот верник
  • Конак
  • Пари
  • Штедливиот ученик
  • Учителот и песот
  • Богохулник
  • Знаци
  • Одговорот на калифот
  • Судбина
  • Апсурд
  • Врата
  • Вистина
  • Претпоставки
  • Калифот Ал-Мансур и поетот
  • Суфито кој себе се нарекувал џукела
  • Загубениот клуч
  • Идиот во голем град
  • Исусовиот одговор
  • Омер и винопиецот
  • Погрешен правец
  • Глувиот
  • Учење
  • Крадецот и ќебето
  • Барбари и имитаторот
  • Нахас
  • Имамот Бакир
  • Мов
  • Халаби
  • Абуд од Обдурман
  • Речиси јаболко
  • Чувство
  • Книга на мудроста
  • Цената на симболот
  • Сиапош
  • Прашање
  • Халкави
  • Рабија Ал-Адавија
  • Тројцата од Туркестан
  • Можности
  • Три толкувања
  • Вистинската добрина
  • Караван
  • Тешко
  • Ардабили
  • Кокошарник
  • Бахаудин
  • Авицена и Абу Саид
  • Гледање

Осврт кон книгата[уреди | уреди извор]

Најголем дел од приказните во книгата се преземени од книгите на Идриз Шах. Набљудувано жанровски, суфиските раскази се движат низ широка територија, т.е. вклучуваат: басни, случки, биографии, шеги, анегдоти итн. Низ вековите, тие служеле за пренесување на суфиската мудрост, а често го афирмирале ведриот бунтовнички дух кој мудроста ја смета за преиспитување на строгите норми.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017.
  2. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017.
  3. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017.