Супституција (хемија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во супституциската реакција (или реакција на замена), една функционална група од некое хемиско соединение се заменува со друга група.

Во органската хемија, електрофилната и нуклеофилната супституциска реакција се од првенствена важност. Органските супституциски реакции се класифицирани во неколку главни органски реакции во зависност од тоа дали реагенсот што доведува до ваква реакција се смета за електрофилна или нуклеофилна честичка, потоа дали меѓупроизводот во реакцијата е карбокатјон или карбоанјон или слободен радикал и дали супстратот е алифатичен или ароматичен. Деталното разбирање на една реакција помага да се предвиди производот од таа реакција.

Постојат неколку видови на супституции:

Нуклеофилна супституција[уреди | уреди извор]

Електрофилна супституција[уреди | уреди извор]

Радикална супституција[уреди | уреди извор]

Овој тип на супституција вклучува и радикали.