Прејди на содржината

Супрасљски зборник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лист од зборникот

Супрасљски зборник е кириличен ракопис од 10ти век, најголемиот зачуван ракопис од старословенскиот канон и најстаро дело од словенската литература во Полска. Од 20 септември 2007, е впишан во листата на УНЕСКО - Меморија на светот.

Зборникот напишан во средновековна Бугарија[1] на крајот или во средината на 10 век, содржи минеј за месец март. Исто така содржи 24 житија на светци, 23 хомилии и една молитва, од кои повеќето се напишани или му се припишуваат на Јован Златоуст. Зборникот од 284 листа (или 285 листа според некои извори) бил „откриен“ во 1823 од Михал Бобровски во Супрасљскиот манастир.

Во 1838, Бобровски го испратил последниот дел од ракописот во два дела на словенечкиот филолог Јернеј Копитар за да го транскрибира. Откако Копитар го вратил, Бобровски му го испратил и првиот дел (118 листови), но од непознати причини никогаш не му бил вратен на Бобровски и бил пронајден во 1845 помеѓу документите на починатиот Копитар. Подоцна бил чуван во Љубљанскиот лицеј, а денес во Националната и универзитетска библиотека на Словенија во Љубљана.