Суперхик
Изглед

Суперхик е лик од стрипот Алан Форд. Првпат се појавува во 25 епизода.
Суперхик е чистач кој ги мрази сиромасите заради нивната валканост, а им се восхитува на богатите. Кога благодарение на испивање големи количества алкохол (кисело вино) тој се здобива со супер-моќи, пред сѐ со одвратен здив со кој може да имобилизира човек, тој почнува да краде од сиромасите и пленот да им го дели на богатите. Во подоцнежните епизоди на стрипот, Суперхик се жени со Бепа Јосп и претежно се труди да краде за себе.
Македонската ска-група Суперхикс го има добиено името по овој лик.
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |