Сунѓерот Боб Панталоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сунѓерот Боб)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сунѓерот Боб Панталоновски (англ. SpongeBob SquarePants) е американска цртана серија и медиумска франшиза, емитувана низ целиот свет. Серијата ја има осмислено морскиот биолог и аниматор Стивен Хиленберг и настаната е во неговата продуцентска куќа “Јунајтед планктон пикчерс”. Серијата е сместена во Тихиот Океан, во измислениот град Бикини дно, опкружено со лагуни. Сунѓерот Боб е пријателски и оптимистички морски сунѓер, кој е веројатно станарот што најмногу фантазира. Живее во ананас на дното на морето со своето куќно милениче, морскиот полжав Гери. Работи во Крастава Рака, морскиот ресторан. Неговата специјалност се плескавиците, чиј таен рецепт вешто го крие од својот најголем непријател, Планктон. Најдобар пријател на Сунѓерот Боб е Патрик. Тие двајца се неразделни другари, полни со интересни идеи.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Сунѓерот Боб Панталоновски (англ. SpongeBob SquarePants)
  • Патрик (англ. Patrick Star)
  • Песка Образка (англ. Sandy Cheeks)
  • Лигња (англ. Squidward Tentacles)
  • Г-динe. Ратко Рак (англ. Mr. Eugene H. Krabs)
  • Планктон (англ. Sheldon Plankton)
  • Карен (англ. Karen)
  • Г-ѓа Издувната (англ. Mrs. Puff)
  • Бисера (англ. Pearl)