Султана (титула)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царски и аристократски титули во Иран, Турција, Кавказ и Пакистан
Шах : Цар
Голем крал
Крал : Султан, Султана, Падишах
Кралски Принц : Шехзада (Шехзаде), Мирза
Благороднички принц: Шахибзаде
Благородништво: Наваб, Баиг, Бегзада
Кралско семејство: Дамат
Владини: Лала , Ага, Хазинедар

Султана (арапски: سلطانة) — женска царска титула карактеристична за исламскиот свет. Овој термин бил официјално користен за женските монарси во некои исламски држави, а историски исто така се користел за да се означи сопругата или придружничката на султанот.

Употреба[уреди | уреди извор]

Владејачки султанки[уреди | уреди извор]

Некои муслимански женски монарси избраle да ја прифатат титулата sултана кога се искачuvale на престолот. Во поранешното Кралство Тугурт, denes дел од Алжир, имало една султана по име Ајша. Во султанатот Самудера Пасеј (денес дел од Индонезија), Султана Сери Рату Нихрасија Равангса Кадију (1406-1427) била единствениот женски владетел. Во султанатот Ачех (дел од Индонезија и Малезија), имало четири владејачки султанки.

Придружнички на султанот[уреди | уреди извор]

Терминот султана се користи и за сопругите на султанот. Помеѓу 1914 и 1922 година, монарсите на династијата Мухамед Али ја користеле титулата султан на Египет, а нивните сопруги биле нарекувани султанки. Две жени ја имале титулата султана за време на краткотрајниот султанат на Египет: Мелек Турхан, сопругата на султанот Хусеин Камел и Назли Сабри, сопругата на султанот Фуад I.

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Од 16 век, Отоманците ја користеле титулата султана за царските принцези, која била додавана по нивните имиња (на пр. Михримах Султан и Хатиџе Султан). Мајката на монархот, која имала поголема моќ, ја поседувала титулата Валиде султан (на пр. Хафса султан). Законската сопруга на султанот ја довивала титулата Хасеки султан (на пр. Хурем Султан).

Поврзано[уреди | уреди извор]