Сулпиција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сулпиција (латински: Sulpicia) - староримска поетеса.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сулпиција била млада, убава и образована Римјанка, родина на Месала и современичка на Тибул.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Сулпиција пишувала кратки елегии во кои ја опеала својата љубов кон младиот Церинт кого го сакала. Нејзините песни се единствениот сочуван пример на песни напишани од жена во римската книжевност. Нејзините песни биле дополнување на поетскиот корпус на Тибул.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Sulpicija“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 99.