Суитс (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Костуми
Жанр правна драма
комедија-драма
Создадена од Арон Корш
Настапуваат Габриел Махт
Патрик Џ. Адамс
Рик Хофман
Меган Маркл
Сара Раферти
Џина Торес
Најавна песна “Greenback Boogie” од Ima Robot
Композитор(и) Кристофер Тинг
Земја на потекло САД
Јазик English
Број на сезони 2
Број на епизоди 22 (Листа на епизоди)
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Даг Лиман
Дејвид Бартис
Продуцент(и) Џин Клејн
Времетраење 42 минути
Продукцис(ка/ки) компани(ја/и) Universal Cable Productions
Hypnotic Films & Television
Емитување
Канал на емитување USA Network
Емитување јуни 23 2011 (2011-06-23)[1] – present

Суитс е телевизиска серија-драма режирана од Арон Корш, а во главните улоги играат Патрик Џ. Адамс како Мајкл `Мајк` Рос и Габриел Махт како Харви Спектер. Серијата која е сместена во измислената правна фирма Пирсон Хардман во Њујорк, го следи Рос откако влета на интервју за работа кај Спектер, кој е во потрага по нов соработник. Рос е несомнено најдобриот кандидат за позицијата, позиција која ја добива без да има диплома по право. Првата сезона од 12 епизоди, дебитирала на 23 јуни 2011 година со 90-минутна премиера.[2][3] На 11 август, 2011 година била продолжена со втора сезона од 16 епизоди, која имала премиера на 14 јуни, 2012 година а крајот на средината на сезоната била на 23 август, 2012 година. Останатите 6 епизоди од сезона 2 почнале да се емитуваат на 17 јануари, 2013 година на „USA“ и на 23 јануари на „Bravo Canada“. На 12 октомври 2012 година „USA Network“, ја продолжи „Suits“ со трета сезона, составена од 16 епизоди. Премиерата на Сезона 3 ќе биде на 16 јули, 2013 година.

Костуми е телевизиска драма серија на USA Network креирана од Арон Корш со Патрик Џ. Адамс во улогата на Мајкл (Мајк) Рос и Габриел Махт во улогата на Харви Спектер. Дејството се случува во една адвокатска канцеларија во Њујорк. Мајк случајно налетува на интервју за работа со Харви кој бара адвокатски соработник. Мајк ја добива работата и тие двајцата почнуваат да работат заедно. Првата од дванаесетте епизоди од првата сезона беше премиерно емитувана на 23 јуни 2011 година. [1][4] Обновена, серијата се врати со втора сезона, составена од 16 епизоди, и премиера на 14 јуни 2012 година. Продолжението на втора сезона ќе почне да се емитува во јануари 2013 година. [5][6][7][8] На 12 октомври 2012 година USA Network потпиша за трета сезона која ќе биде составена од 16 епизоди.[9]

Сезона 1 (2011)[уреди | уреди извор]

Мајк Рос (Патрик Џ. Адамс) е брилијантен отпадник од колеџ. Со неговата природна интелигенција и едетична меморија, тој заработува за живот со тоа што полага приемен тест за адвокати и LSAT за други. За да дојде до пари за да ја задржи неговата баба во приватна болница за стари луѓе, тој се согласува да испорача торба со марихуана за неговиот најдобар другар Тревор Еванс (Том Липински). Харви Спектер (Габриел Махт) е еден од најдобрите корпоративни адвокати во Њујорк и е унапреден во постар партнер во Пирсон Хардман –правна фирма која вработува само дипломирани студенти на Правиот Факултет Харвард. Политиката на компанијата го принудува да вработи адвокат-соработник. Мајк откива дека пратката со дрога е наместена и бега од полицијата и тогаш по грешка влегува на интервју кај Харви. Харви е импресиониран од брзата досетливост на Мајк, од енциклопедиското знаење на правото и искрената желба да биде адвокат; тој го вработув Мајк и се преправа дека е дипломиран на Правниот факултет на Харвард. Само Дона Пулсен (Сара Раферти),правната секретарка и доверливо лице на Харви ја знае тајната. Во фирмата, помладиот партнер Луис Лит (Рик Хофман), љубоморниот ривал на Харви и директен надзорник на соработниците, се сомнева во акредитивното писмо на Мајк од Харвард. Во меѓувреме Мајк се бори да се одалечи од Тревор, кој престана да се занимава со дрога но не може да го избегне своето минато. Кога Тревор заминува од државата, Мајк почнува да се гледа со Џени Грифит(Ванеса Реј),поранешната девојка на Тревор.Мајк во канцеларијата се спријателува со приправничката Рејчел Зејн(Меган Маркл), и набргу се развива привлечност помеѓу нив и тоа ја комплицира неговата врска со Џени.Тревор се враќа во Њу Јорк само за да дознае дека Мајк е во врска со Џени. Во знак на одмазда тој и кажува на Џесика Пирсон( Џина Торес), главниот партнер на фирмата дека Мајк нема диплома.

Сонот да стане адвокат на брилијантниот Мајк Рос (Патрик Џ. Адамс) не успева откако тој ќе биде избркан од колеџ. Со неговата природна интелигенција и едетична меморија, Мајк заработува за живот со тоа што го полага приемниот испит за правен факултет за други луѓе. Со цел да ја задржи баба му во дом за стари лица, тој се согласува да испорачи актовка со марихуана за неговиот најдобар пријател Тревор (Том Липински). Харви Спектер (Габриел Махт) кој е еден од најдобрите корпоративни адвокати во Њујорк, е унапреден во постар партнер во адвокатската канцеларија Pearson Hardman која вработува единствено од правниот факултет на Харвард. Политиката на компанијата го принудува да вработи адвокатски соработник. Откако Мајк ќе открие дека целата операција за испорака на дрогата е замка, тој успева да и избега на полицијата со тоа што случајно се наоѓа на интервју со Харви. Мајк успева да го импресионира Харви со својата остроумност, енциклопедиско знаење за правото и искрена желба да стане адвокат. Харви го вработува и се преправа дека Мајк има дипломирано на Харвард. Единствената која ја знае тајната е секретарката и доверливото лице на Харви – Дона Полсен (Сара Раферти).

Во канцеларијата, помладиот партнер Луис Лит (Рик Хофман), кој е љубоморен ривал на Харви и директен надзорник на соработниците се сомнева во квалификациите на Мајк од Харвард. Во меѓувреме, Мајк се обидува да се држи подалеку од Тревор кој престанал да се занимава со дрога но не може да избега од своето минато. Кога Тревор ја напушта земјата, Мајк започнува да се гледа со поранешната девојка на Тревор, Џени Грифит (Ванеса Реј). ). Во канцеларијата, Мајк се спријателува со правникот Рејчел Зејн (Меган Маркл) и набрзо меѓу двајцата се развива меѓусебна привлечност која ја комплицира неговата врска со Џени. Кога Тревор се враќа во Њујорк и дознава дека Мајк и Џени се гледаат, во знак на одмазда тој и кажува на Џесика Пирсон (Џина Торес), која е партнерот што управува со канцеларијата, дека Мајк нема диплома.

Сезона 2[уреди | уреди извор]

Основачот Даниел Хардман се враќа во фирмата, а Џесика и Харви стравуваат дека тој сака да се врати на својата поранешна позиција како главен партнер. Поради ова Џесика му дозволува на Мајк да продолжи да работи и покрај тоа што ја откри неговата тајна. Во меѓувреме Џени се соочува со Мајк за неговите чуства кон Рејчел и кога Мајк се двоуми за одговорот Џени ќе ја прекине врската со него. Во фирмата Тревис Танер(Ерик Клоус) го обвинува Харви за затајување докази и е решен да му ја одземе адвокатската лиценца на Харви.Дона го наоѓа исчезнатиот документ и сфаќа дека таа го потпишала и потоа го изгубила; таа паничи и го уништува документот. По кратко време Џесика ја отпушта.

Хардман е во можност да го уцени Танер да се откаже од одзимањето на лиценцата на Харви во спогодбата, а одлуката на Хардман за спогодба и одлуката на Џесика да се оди на судење се ставени на гласање.Партнерите се еднакво поделени а Харви го има одлучувачкиот глас,кога сфаќа дека судскиот процес ќе ги доведе во опасност сите во фирмата и тој гласа за спогодба и без да сака застанува на страната на Хардман наместо на Џесика само за да може фирмата да стави крај на тужбата. Ова предизвикува Хардман да повика гласање за партнерството и да ја предизвика Џесика за позицијата главен партнер. Бргу потоа Хардман го назначува Луис за постар партнер,а и двајцата Харви и Џесика дефинитивно не успеваат да ја добијат подршката од Луис. Хардман станува главен партнер но за кратко, бидејќи Мајк и Харви дознаваат дека Хардман го фалсификувал и го подметнал документот кој наводно Дона и Харви го затаиле. Изгласано е тој да си замине од фирмата и Џесика поврорно се враќа на позицијата. Веднаш по смрта на баба му, Мајк пробува да започне врска со Рејчел но таа не е подготвена. Тогаш Мајк влегува во романтична сплетка со неговата прва љубов и пријателка од детството Тесс (Елизабет Хауер), која сега е мажена жена и е дојдена во градот за погребот. Рејчел која сега одлучи дека сака да започне врска со Мајк, ги разоткрива дека се заедно. Мајк и става крај на сплетката.Една недела откако работите се смирија по инцидентот со Хардман, Мајк се обиде да го поправи својот однос со Рејчел но новиот покренат случај го погоди Мајк. Тој треба да се справи со борбата дека тој е адвокат кој брани случај во кој возачот на моторно возило избегал од местото на несреќата, случај кој е премногу сличен на оној од неговото детство во кој ги загубил своите родители. Луис Лит кој ужива во својата нова титула Постар Партнер,и сака да си го вработи својот прв соработник од прва година, кој веднаш би можел да направи проблеми околу Мајк и неговото време на Харвард. Харви сфаќа дека вработениот на Луис би можел да го открие Мајк и оди кај Џесика. Џесика тогаш му забранува на Луис да си вработи соработник, со изговор дека има „замрзнување на вработување“. Хардман тогаш се враќа да се бори против неговата стара фирма работејќи како адвокат на договор за татко и на Рејчел, познатиот адвокат Роберт Зејн. Во тоа време Рејчел аплицираше за упис на Правниот Факултет на Харвард. Хардман ги цеди уште повеќе и онака малите финансиски средства на Џесика со тоа што таа и Харви се принудени да покренат повеќе тужби за полова дискриминација против Folsom Foods на различни локации. Скоти се враќа откако украде некои од тужбите за дискриминација на фирмата.На крајот Харви ги убедува Скоти и Џесика дека заедно треба да се борат против 45 случаи за дискриминација.Исто така на Џесика и се нуди можност за договор за соединување со друга фирма од Њујорк,која ја управува Роберт Зејн,познатиот адвокат и татко на Рејчел; кој подоцна ја повлекува понудата откако дознава од Џесика дека Даниел ги држи сите карти да ја уништи нејзината фирма со случаите за Folsom Foods. На крајот изгледа дека Џесика почнува да прифаќа друга можна понуда која е да се соединат Пирсон и фирмата на Скоти, чие седиште е во Обединетото Кралство. Со таквото соединување Џесика конечно ќе стави крај на нападот на Даниел. Ова е затоа што британскиот партнер се закани дека ќе го открие минатото на Даниел.Тоа нема да биде непочитување на неговиот договор со Џесика,затоа што според закон мора да му ги покаже финансиските документи на можниот партнер. Харви чија цел е титулата да биде именуван во партнер да ја добие поради заслугите,а не поради олеснителни околности, се лути на новостите за претстоечкото соединување, а неговите плановие за иднината со Џесика се уриваат.

На крајот соединувањето се случува со Харви на позиција на Постар Партнер, со цел да сфати дека може да биде контролиран. Рејчел откако дозна дека не ја примиле, го принудува Мајк да и казже дека тој не студирал на Харвард.

Во премиерата од втората сезона, основачот, Даниел Хардман (Давид Костабил) се враќа во канцеларијата а Џесика и Харви се сомневаат дека тој сака да се врати на неговата стара позиција како партнер-управник на канцеларијата. Во меѓувреме, Џени се соочува со Мајк за неговите чувства кон Рејчел и кога тој ќе почне да се двоуми за одговорот, таа му раскинува. Во канцеларијата, Тревис Танер (Ерик Клос) го обвинува Харви за криење докази и е решен да направи Харви да ја изгуби лиценцата. Дона дознава дека таа го потпишала документот и го изгубила па поради тоа паничи и го уништува. Подоцна, Џесика ја отпушта. Хардман успева да го уцени Танер да се откаже од делот од спогодбата каде тој се обидува да му ја одземе лиценцата на Харви и тогаш се става на гласање неговата одлука да се спогодат и одлуката на Џесика да одат на суд. Кога гласањето е изедначено и Харви треба да го каже конечниот глас, тој сфаќа дека ако од одат на суд тоа ќе ги загрози сите во канцеларијата па затоа одлучува да се спогоди со што, против својата волја застанува на страната на Хардман. Со ова Хардман свикува гласање од партнерите и ја предизвикува Џесика за позицијата партнер-управник. Набргу, Хардман го унапредува Луис во постар партнер и кога Харви и Џесика нема да успеат да го придобијат, Хардман станува управник на фирмата но само за кратко бидејќи Мајк и Харви ќе откријат дека Хардман го фалсификувал и подметнал документот кој Харви и Дона наводно го скриле. Се изгласува Хардман да биде отпуштен и Џесика се враќа на старата позиција. Веднаш по смртта на баба си, Мајк се обидува да започне врска со Рејчел но таа се двоуми. Тогаш, Рејчел решава дека е подготвена да има врска со него но дознава дека тој ја поминал ноќта со пријателката од детството Тес (Елизабет Ховер), која е во градот поради погребот.

Сезона 3[уреди | уреди извор]

На 12 октомври 2012 година USA Network потпиша за трета сезона која ќе биде составена од 16 епизоди.[9][10]

Улоги[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „List of Suits characters.

Главни Улоги[уреди | уреди извор]

Габреил Махт во улога на Харви Реџиначд Спектер корпоративен адвокат, кој дипломирал 5ти во неговиот клас на Правниот факултет на Харвард и сега е најдобриот завршувач во Њујорк. Во пробната епизода Харви е унапреден во постар партнер и е себичниот и негрижлив ментор на Мајк, кој полека се разоткрива дека се грижи за неговите блиски луѓе. Тој е поранешен помошник на јавниот обвинител. Тој емотивно стои на дистанца од клиентите и за да добие случај е подготвен да направи се освен да ја измени вистината. Малку се знае за семејството на Харви. Таткото на Харви до епизодата кога тој е унапреден во помлад партнер е веќе починат 5 години. Харви има брат, кој во навиките е многу сличен на Мајк, што ги зголемува заштитничките инстинкти на Харви кон својот соработник. Харви со години не разговара со мајка му.

Патрик Џ. Адамс во улога на Мајкл `Мајк` Рос, адвокат кој нема завршено правен факултет, но има енциклопедиско знаење на правната наука, помогнато од неговата едетична меморија. Тој го имресионира Харви со неговиот поттик да стане добар адвокат и во пробната епизода е вработен како адвокат соработник. Неговата наивност и сочуство за клиенти(а понекогаш и противници) го доведуваат до несогласување со Харви,кој пробува да остане емотивно одвоен од неговите случаи.

Рик Хофман во улога на Луис Марлоу Лит, првично помлад партнер, кој ги надгледува сорабаотниците кои се прва година во фирмата и е ривал на Харви и колега од Харвард.Тој е вознемирен од очигледиот фаворизам на Џесика кон Харви и нејзиниот презир кон Луис, иако Луис работи понапорно и е подоверлив од Харви. Откако Даниел Хардман се врати во фирмата, Луис е наклонет кон Хардман, а не кон Џесика.Во втората сезона во епизодата “Asterisk”, Луис е унапреден во Постар Партнер. Во “Blood in the Water” Луис речиси дава отказ од фирмата за да влезе во Pratt&Hewitt како помлад партнер, но Харви го премислува. Меган Маркл во улога на Рејчел Зејн, приправник која му поммага на Мајк подоцна станува негов љубовен интерес.Таа се стреми да стане адвокат, но нејзината вознемиреност од тестови ја спречува да постигне достојни бодови на LSAT за Харвард, но не ја примаат на Харвар, затоа што има премногу квалификувани апликанти. Нејзиниот татко е познатиот адвокат Роберт Зејн.

Сара Раферти во улога на Дона Пулсен, правната секретарка и блиска пријателка на Харви. Таа работи со него од неговата прва година како помошник јавен обвинител и е крајно лојална кон него. Џина Торес во улога на Џесика Лурд Пирсон, основачки и главен партнер на Пирсон Хардман, а Даниел Хардман ја менторирал кога била соработник и самошто дипломирана на Правниот факултет на Харвард. Таа со Харви има близок однос, кој започнал со набљудување и спонзорирање на развојот на Харви во фирмата, како и плаќањето на неговото школување на Правниот факултет на Харвард. Таа била мажена еднаш, за извршниот директор на една од најдобрите водечки фармацевтски компании во земјата.

  • Габриел Махт го глуми Харви Спектер, адвокат во Pearson Hardman, кој дипломирал петти во генерацијата на правниот факултет на Харвард, сега е најдобриот склучувач на зделки во Њујорк. Во пилот епизодата тој е унапреден во постар партнер и според Мајк тој е себичен и негрижлив ментор но полека тој открива дека Харви се грижи за своите луѓе. Тој е поранешен заменик јавен обвинител. Тој останува емоционално оддалечен од своите клиенти но за да победи во некој случај, тој е подготвен на сé, освен, да ја менува вистината.
  • Патрик Џ. Адамс го глуми Мајкл „Мајк“ Рос, адвокат кој никогаш не учел правно школо но има енциклопедиско знаење од областа на правото потпомогната од неговата едетична меморија. Во пилот епизодата Харви го вработува како адвокатски соработник откако успева да го импресионира со неговата желба да стане адвокат. Неговата наивност и симпатија кон клиентите му заработуваат шанса кај Харви.
  • Рик Хофман го глуми Луис Лит, помлад партнер на почетокот, кој ги надгледува адвокатските соработници и е ривал на Харви и негов соученик од Харвард. Тој е вознемирен од очигледното фаворизирање на Харви и презирот кон него од страна на Џесика иако тој смета дека тој работи понапорно и е подоверлив од него. Откако Даниел Хардман се враќа во канцеларијата, Луис го фаворизира него а не Џесика и со тоа добива унапредување во постар партнер во епизодата „Asterisk“ од втората сезона.
  • Меган Маркл ја глуми Рејчел Зејн, правник кој се спријателува со Мајк а подоцна развива и романтичен интерес за него. Таа сака да биде адвокат но нејзинот страв од полагање тестови ја спречува да добие доволно добра оценка на приемниот испит за да се запише на правниот факултет на Харвард. Во втората сезона, таа успева да добие оценка доволно добра за Харвард.
  • Сара Раферти ја глуми Дона Полсен, секретарката на Харви и негово блиско доверливо лице. Таа работи со Харви уште од првата година кога тој бил заменик јавен обвинител.
  • Џина Торес ја глуми Џесика Пирсон, основач и управник на Pearson Hardman, која била под менторство на Даниел Хардман кога завршила факултет и се вработила како соработник. Таа има близок однос со Харви бидејќи таа му ги платила студиите на правен факултет.

Периодични Улоги[уреди | уреди извор]

Аманда Шул во улога на Катрина Бенет, соработник од 5 година, која Харви неодамна ја вработи. Таа претходно работела во канцеларијата на јавниот обвинител.

Ерик Клаус во улога на Тревис Танер, партнер во правна фирма со канселариее во Њујорк и Бостон. Тој чувствува омраза кон Харви, откако Харви го надмудри во “Undefeated”. Во втората сезона тој станува Постар Партнер во неговата фирма, се префрла во канцеларијата на својата фирма во Менхетен и го обвинува Харви за затајување доказ, со надеж дека ќе му ја одземат адвокатската лиценца на Харви.

Дејвид Костабајл во улога на Даниел Хардман, основачки партнер и поранешен главен партнетр на Пирсон Хардман. Пет години пред настаните во серијата тој бил избркан за проневера со блокирани сметки на клиенти и ги искористил да ја финансира својата афера. Во премиерата на втората сезона тој се враќа во фирмата и тврди дека е променет човек, иако Харви и Џесика не му веруваат. Во пресрет на победата над танерж, тој во “Sucker Punch” бара гласање за партнерство и ја предизвикува Џесика за позицијата на главен партнер. Откако тој победува, Мајк и Харви наскоро откриваат дека Хардман ја испланирал целата афера со Costal Motors заедно со Танер за повторно да ја добие контролата, а тоа ја чинеше фирмата 3 милиони и со тоа дојде до негов крај во фирмата засекогаш. Хардман се одмаздува со тоа што во неколку тужби ќе стане противнички адвокатат на фирмата, се додека Џесика поради соединување не му ги покаже сметководствените книги на Дерби и заедно не му се заканат н Хардман дека ќе ја откријат неговата проневера. Како дел од стандардната клауза за конкуренција на фирмата, на Хардман не му е дозволено да биде дел од ниедна фирма во Њујорк.

Конлет Хил во улога на Едвард Дерби, новоименуваниот партнер на Џесика на крајот на втората сезона.

Том Липински во улога на Тревис Еванс, најдобриот другар на Мајк и дилер на дрога. По пробната епизода, пријателството на Мајк и Тревор се уништува. Во “Bail Out”, Тревор конечно престанува да продава дрога и посакува Мајк повторно да му биде пријател. Сепак, тој дознава дека Мајк излегува со Џени и за одмазда на крајот на првата сезона и кажува на Џесика дека Мајк нема диплома.

Ванеса Реј во улога на Џени Грифит, девојката на Тревор. Таа раскинува со Тревор кога тој не престанува да продава дрога и му станува девојка на Мајк. Сепак таа во “Rules of the game” раскинува со Мајк кога ќе дознае за неговите чувства за Рејчел. Во втората сезона се открива дека Мајк првично бил заинтересиран за Џени, но Тревор излегол со неа наместо него.

Ребека Шул во улога на Едит Рос, бабата на Мајк која го израснала по смртта на неговите родители. Таа живее во дом за стари лица и го тера Мајк да живее според својот потенцијал.Таа умира во втората сезона во епизодата “Asterisk”.

Бен Холингсворт во улога на Кајл Дурант, еден од штитениците на Луис кој во првата сезона честопати е свртен против Мајк.

Марк Топлин во улога на Харолд Јакаовски, кој е неспретен и општествено непријатен. Во втората сезона Луис го отпушти.

  • Том Липински го глуми Тревор Еванс, најдобриот другар на Мајк и дилер на дрога. По пилот епизодата, пријателството помеѓу Мајк и Тревор се влошува. Евентуално, во епизодата „Bail Out“, тој престанува да се занимава со дрога и сака повторно да биде пријател со Мајк. Сепак, тој дознава дека Мајк се гледа со Џени и како одмазда, во финалето од првата сезона, тој и кажува на Џесика дека Мајк нема диплома од правен факултет.
  • Ванеса Реј ја глуми Џени Грифит, девојката на Тревор. Таа раскинува со Тревор кога тој не престанува да се занимава со дрога и му станува девојка на Мајк. Сепак, таа раскинува со Мајк во епизодата „Rules of the Game“ кога дознава за неговите чувства кон Рејчел. Во втората сезона се дознава дека Мајк бил првиот кој бил заинтересиран за Џени но Тревор успеал прв да излезе со неа.
  • Ребека Шул ја глуми Идит Рос, бабата на Мајк која го израснала по смртта на неговите родители. Таа живее во дом за стари лица и го тера Мајк да го искористи својот потенцијал. Таа умира во епизодата „Asterisk“ од втората сезона.
  • Бен Холигнсворт го глуми Кајл Дурант, еден од штитениците на Луис кој најчесто е противникот на Мајк.
  • Макс Топлин го глуми Харолд Џаковски, соработник кој е несмасен и непријатен.
  • Ерик Клоус го глуми Тревис Танер, партнер во канцеларија чиешто канцеларии се наоѓаат во Њујорк и Бостон. Кога Харви го победува во епизодатата „Undefeated“, Тревис сака да му се одмазди. . Во втората сезона, тој станува постар партнер во неговата фирма,[11] се префрла во канцеларијата на Менхетен, и го обвинува Харви за криење докази.
  • Давид Костабил го глуми Даниел Хардман, партнер основач и поранешен управник на Pearson Hardman. Пет години пред настаните од серијата, тој е избркан од фирмата поради проневера од блокираните сметки на клиентите и за користење на парите за негови потреби. Во премиерата на втората сезона, тој се враќа во фирмата како сменет човек но Харви и Џесика не му веруваат. Во пресрет на поразот кој му го нанесува на Танер, тој свикува гласање во епизодата „Sucker Punch“ и ја предизвикува Џесика за нејзината позиција. Откако ќе победи, Мајк и Харви ќе дознаат дека тој ја испланирал целата афера со Coastal Motors за да ја врати контролата врз фирмата, со што ја оштетил канцеларијата за $3 милиони. Ова доведува до траен отказ од фирмата.

Episodes[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „List of Suits episodes.
Сезона Timeslot (ET) # Ep. Premiered Ended TV Season Viewers
(in millions)
Date Premiere
Viewers
(in millions)
Date Finale
Viewers
(in millions)
1
Thursday 10:00 pm
12
June 23, 2011
4.64[12]
September 8, 2011
3.47[13] 2011 6.31[14]
2 10
June 14, 2012
3.47[15]
TBA
N/A 20122013 TBA

Развој и Продукција[уреди | уреди извор]

„SUITS“ во април, 2012 прво се појави на „Usa Network“ под името A legal Mind. Во мај, каналот направи пробен кастинг со пробно сценарио напишано од Арон Корш. Патрик Џ. Адамс беше ангажиран за главната улога на Мајк Рос во јули, 2010 година. Габриел Махт на актерите им се придружи во улогата на Харви Спектер, адвокатот кој го вработува Мајк. Рик Хофман дојде во средината од Август да го глуми ривалот на Харви во правната фирма. Меган Маркл и Џина Торес се приклучија на актерската екипа кон крајот на Август. Торес беше одбрана за улогата на Џесика Пирсон, главен партнер во фирмата, а Маркл за улогата на Рејчел Зејн,приправник кој има енциклопедиско знаење за право.Сара Раферти го пополни главниот лик на Дона, правната секретарка и блиска пријателка на Харви.Пробната епизода е снимена ецента во 2011 година во Њујорк. Каналот даде зелено светло за серијата со нарачка на 12 епизоди на 19 јануари 2011. Снимањето на серијата започна во Торонто, Онтарио на 25 Април, 2011 и заврши на 12 Август, 2011. Главна музичка тема на серијата е “Greenback Boogie” од Ина Робот. На 18 Септември 2010 беше издадена како сингл и се наоѓа на третиот албум на бендот “ Another Man`s Treasure”.

Костуми прв пат се појави под името Правен ум (A Legal Mind) во април 2010 година.[16] Во мај, USA Network издаде дозвола за емитување пилот епизода чие сценарио ќе биде напишано од Арон Корш. .[17] Патрик Џ. Адамс бил најмен за главната улога – Мајк Рос во јули 2010 година.[18] Кон крајот на јули, Габриел Махт се придружил на екипада како Харви Спектер, адвокатот кој го вработува Мајк. [19]Рик Хофман се приклучува кон средината на август за улогата на конкурентот на Харви.[20] Меган Маркл и Џина Торес ја комплетираат екипата кон крајот на август. .[21] Торес ја добива улогата за Џесика Пирсон, партнерот-управник на канцеларијата а Маркл ја добива улогата на Рејчел Зејн, правникот кој има енциклопедиско знаење од областа на правото. Пилот епизодата беше снимена во Њујорк во есента 2010 година.[22][23]

USA Network даде зелено светло за серијата со 12 епизода на 19 јануари 2011 година. Серијата започна со снимање во Торонто, Онтарио на 25 април 2011 а заврши на 12 август истата година. [24][25]

Песната "Greenback Boogie" на Има Робот е тематската песна за серијата. Објавена е како сингл на 18ти септември 2010 година и е вклучена во третиот албум на бендот наречен Another Man's Treasure.

Прифаќање[уреди | уреди извор]

На Metacritic, Костуми доби оценка 60 од можни 100, што укажува на мешани и просечни критики. [26] Џина Беллафанте, критичар за The New York Times,објави позитивина критика за пилот епизодата.[27] [26] Сепак, втората сезона добила оценка 73 на Metacritic,што укажува на генерално позитивни критики.

На 14 декември 2011 година, Патрик Џ. Адамс беше номиран за Screen Actors Guild награда за Најдобро одиграна улога од машки актер во драмска серија на 18то издание на Screen Actors Guild Awards.[28]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Exclusive: More USA Summer Premieres: "Burn Notice," "Suits" on Thursday, June 23; "Royal Pains," "Necessary Roughness" on Wednesday, June 29“. The Futon Critic. http://www.thefutoncritic.com/news/2011/04/08/exclusive-more-usa-summer-premieres-burn-notice-suits-on-thursday-june-23-royal-pains-necessary-roughness-on-wednesday-june-29-379314/9215/. конс. 8 април 2011. 
  2. Thefutoncritic.com
  3. Variety.com
  4. Levine, Stuart (19 јануари 2011). „USA expands slate with two new series“. Variety. архивирано од оригиналот на 23 јануари 2011. http://www.webcitation.org/5vwKkuPHG. конс. 12 февруари 2011. 
  5. „SUITS RETURNS THIS JANUARY“. NBCUniversal Inc.. http://www.usanetwork.com/series/suits/index.html. конс. 24 август 2012. 
  6. Charles, Chandel (11 август 2011). „Suits Season Finale Review: You Can't Go Back“. TV Fanatic. Mediavine Inc.. http://www.tvfanatic.com/2011/09/suits-review-dog-fight/. конс. 9 септември 2011. 
  7. https://twitter.com/#!/Suits_USA/status/183310543535345664
  8. http://www.usanetwork.com/series/suits/
  9. 9,0 9,1 Kondolojy, Amanda (12 октомври 2012). „'Suits' Renewed by USA for Third Season“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2012/10/12/suits-renewed-by-usa-for-third-season/152763/. конс. 1 ноември 2012. 
  10. http://www.usanetwork.com/series/suits/
  11. „Suits Season 2 Episode 4: Discovery“. Suits Season 2 Episode 4. NBCUniversal. 12 јули 2012. http://www.usanetwork.com/videos/Suits/vid:18778293. конс. 23 август 2012. 
  12. Seidman, Robert (24 јуни 2011). „Thursday Cable Ratings: Burn Notice, Swamp People, Suits, NBA Draft, Wilfred top Night + Futurama, Louie & More“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2011/06/24/thursday-cable-ratings-burn-notice-swamp-people-soots-nba-draft-wilfred-top-night-futurama-louie-more/96496/. конс. 24 јуни 2011. 
  13. Gorman, Bill (9 септември 2011). „Thursday Cable: 'Jersey Shore' Takes A Hit, Still Dominates, 'Burn Notice,' 'Suits,' 'Wilfred,' 'Futurama' Finales & More“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2011/09/09/thursday-cable-jersey-shore-takes-a-hit-still-dominates-burn-notice-suits-wilfred-futurama-finales-more/103152/. конс. 9 септември 2011. 
  14. Seidman, Robert (12 декември 2011). „*Updated* USA Dominates Landscape with Unprecedented Six Straight Years as #1“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2011/12/12/usa-dominates-landscape-with-unprecedented-six-straight-years-as-1/113512/. конс. 6 јануари 2012. 
  15. Bibel, Sara (15 јуни 2012). „Thursday Cable Ratings: 'Swamp People' Wins Night, 'Burn Notice', 'Suits', 'Men at Work', 'Mountain Men', 'Don't Be Tardy For The Wedding' & More“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2012/06/15/thursday-cable-ratings-swamp-people-wins-night-burn-notice-suits-men-at-work-mountain-men-dont-be-tardy-for-the-wedding-more/138300/. конс. 16 јуни 2012. 
  16. „USA Network Announces Slate of "Character" Driven Projects for 2010-2011“. The Futon Critic. 5 април 2010. http://www.thefutoncritic.com/news/2010/04/05/usa-network-announces-slate-of-character-driven-projects-for-2010-2011-35192/20100405usa01/. конс. 12 февруари 2011. 
  17. „Development Update: Monday, May 17“. The Futon Critic. 17 мај 2010. http://www.thefutoncritic.com/news/2010/05/17/development-update-monday-may-17-35749/8687/. конс. 12 февруари 2011. 
  18. Andreeva, Nellie (7 јули 2010). „Patrick J. Adams To Star In 'A Legal Mind'; Mark Pellegrino Joins 'Being Human'“. Deadline.com. http://www.deadline.com/2010/07/patrick-j-adams-to-star-in-a-legal-mind-mark-pellegrino-joins-being-human/. конс. 12 февруари 2011. 
  19. Ausiello, Michael (26 јули 2010). „Exclusive: USA 'Legal' drama recruits 'Spirit' star Gabriel Macht“. Entertainment Weekly. http://insidetv.ew.com/2010/07/26/legal-mind-gabriel-macht/. конс. 12 февруари 2011. 
  20. Andreeva, Nellie (10 август 2010). „CASTINGS ROUNDUP: Eric Winter Joins CBS' 'The Mentalist', Duo Cast In Pilots“. Deadline.com. http://www.deadline.com/2010/08/castings-roundup-eric-winter-joins-cbs-the-mentalist-duo-cast-in-pilots/. конс. 12 февруари 2011. 
  21. Hibberd, James (24 август 2010). „Meghan Markle books lead role on 'Legal Mind'“. The Hollywood Reporter. http://www.hollywoodreporter.com/news/meghan-markle-books-lead-role-27013. конс. 20 февруари 2011. 
  22. Wood, Mark Dundas (23 септември 2010). „New York Production Listings“. Back Stage. Prometheus Global Media. http://www.backstage.com/bso/production-listings/new-york-production-listings-1004116511.story. конс. 23 февруари 2011. 
  23. Wood, Mark Dundas (17 ноември 2010). „New York Production Listings“. Back Stage. Prometheus Global Media. http://www.backstage.com/bso/production-listings/new-york-production-listings-1004127824.story. конс. 23 февруари 2011. 
  24. Gorman, Bill (19 јануари 2011). „USA Orders Two New Series: 'A Legal Mind,' & 'Necessary Roughness'“. TV by the Numbers. http://tvbythenumbers.zap2it.com/2011/01/19/usa-orders-two-new-series-a-legal-mind-necessary-roughness/79439. конс. 23 јануари 2011. 
  25. „List of productions currently filming in Toronto“. City of Toronto. 2 август 2011. http://www.toronto.ca/tfto/pdf/currentlist.pdf. конс. 3 август 2011. 
  26. 26,0 26,1 „Suits: Season 1“. Metacritic. http://www.metacritic.com/tv/suits/season-1. конс. 8 јули 2011. 
  27. Bellafante, Ginia. „Nothing but Blue Skies for a Fake Harvard Law Grad“, 22 јуни 2011 (конс. 15 јули 2011).
  28. http://www.huffingtonpost.com/2011/12/14/sag-awards-2012-screen-ac_n_1148073.html

Надворешни врски[уреди | уреди извор]