Сузана Роксман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сузана Роксман во Лондон

Сузана Роксман (29 август 1946 - 30 септември 2015 година) била англофонска писателка, поетеса и критичарка родена во Стокхолм ; семејството на нејзиниот татко е шкотско. Таа важела за надарено дете. Нејзините први книги биле напишани на шведски јазик, но таа се префрлила на англиски како нејзин професионален јазик. Откако работела неколку години како секретарка, наставник по балет и моден модел, Роксман студирала на Универзитетот во Стокхолм, Кингс колеџ на Лондонски универзитет, Лундски универзитет и Универзитет Гетеборг,[1] каде се стекнала со титулата доктор на науки во компаративна литература. Од 1996 до 2005 година била на чело на Центарот за класична митологија на Лундскиот универзитет. Има објавено повеќе збирки поезија, како и литературни критики . Нејзините песни се појавиле во книжевните списанија ширум светот. Некои од овие дела се преведени на арапски и персиски. Роксман учествувала во многу поетски читања, особено на Фестивалот во Единбург (2006, 2009, 2010, 2013).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Poesin hos Författarcentrum Syd. Forfattarcentrum Syd (Authors´Centre South), Malmo 2006.
  2. „Author website“. Susanna Roxman. Архивирано од изворникот на 2021-03-25. Посетено на 2 October 2012.