Судски мост (Битола)

Координати: 41°01′54″N 21°20′00″E / 41.0316082° СГШ; 21.3333381° ИГД / 41.0316082; 21.3333381
Од Википедија — слободната енциклопедија
Судски мост
Мостот кај Интифа
Поглед на Судски мост
Координати41°01′54″N 21°20′00″E / 41.0316082° СГШ; 21.3333381° ИГД / 41.0316082; 21.3333381
Носимоторни возила и пешаци
ПреминуваДрагор
МестоБитола
Официјален називСудски мост
Особености
Виджелезен мост
Ширина6 м
Местоположба
Карта

Судски мост или Мост кај Интифажелезен мост на реката Драгор во Битола.

Се наоѓа во централниот дел на градот Битола. Тој е еден од деветте железни мостови кои пристигнале од Германија како репарација од Првата светска војна.[1] Името „Судски мост“ го добил заради близината на судските згради кои се наоѓаат на левиот брег на реката. За името пак „Мостот кај Интифа“, не се знае дали е добиено по библиотеката Интифа која била во склоп на вакафот на Исак Челеби џамија исто така на левиот брег на реката, или по истоимената кафеана на десниот брег.

Мостот е еднонасочен за сообраќај на моторни возила, а од двете страни има тесни тротоари по кои се движат пешаците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мостот кај Интифана семрежното место на Бабам Битола