Судир на кралеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Судир на кралеви  
АвторЏорџ Р. Р. Мартин
Наслов на
оригиналот
A Clash of Kings
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалПесна за лед и оган
Жанр(ови)Фантазија
ИздавачFlag of the United States.svg Bantam Spectra
ИздаденаFlag of the United Kingdom.svg 16 ноември, 1998
Flag of the United States.svg Март, 1999
Страници969 (мека корица)
784 (тврда корица)
Претходна'Игра на тронови'
Следна'Бура од мечеви'

Судир на кралеви е втората од седумте планирани книги во серијалот фантастични романи Песна за лед и оган на американскиот писател Џорџ Р. Р. Мартин. Објавена е на 16 ноември, 1998 година во Обединетото Кралство, а во САД дури во март 1999 година. Како и својот претходник, Игра на тронови, Судир на кралеви ја освои наградата Локус (во 1999 година) за најдобар роман, а истовремено е номиниран за наградата Небула (исто во 1999 година) за најдобар роман.

Дејството во Судир на кралеви се надоврзува на дејството на Игра на тронови со неколку нови ликови-наратори. Според романот е снимена втората сезона од серијалот Игра на тронови на HBO, која се прикажуваше во пролетта, 2012 година.

Романот ги следи судбините на низа ликови кои се соочуваат со ново-настанатите случувања по смртта на Едард Старк, патријархот на домот Старк. Семејството Ланистер го зазема тронот, држејќи ја Санса Старк како заложник, додека нејзината сестра Арја, талка низ кралството преправена во момче. Малиот Брен мора да владее со кралското седиште на Старк, додека неговиот постар брат Роб се подготвува за војна во југот. Главниот конфликт во романот произлегува од ликот на Станис Баратион, брат на починатиот крал Роберт, кој заслепен од одмазда, и магична подршка од таинствената свештеница Мелисандра, го напаѓа кралскиот трон, што кулминира во директен напад со бродови на ѕидните на кралската престолнина.