Суводол (Демирхисарско)

Координати: 41°12′33″N 21°13′23″E / 41.20917° СГШ; 21.22306° ИГД / 41.20917; 21.22306
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Суводол, Демирхисарско)
Суводол

Поглед на селото Суводол

Суводол во рамките на Македонија
Суводол
Местоположба на Суводол во Македонија
Суводол на карта

Карта

Координати 41°12′33″N 21°13′23″E / 41.20917° СГШ; 21.22306° ИГД / 41.20917; 21.22306
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 371 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10035
Надм. вис. 709 м
Суводол на општинската карта

Атарот на Суводол во рамките на општината
Суводол на Ризницата

Суводол — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото доаѓа од неговата местоположба, односно истото е сместено во сув дол. Така, селото било сместено во „дол кој бил сув, без вода“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во Железник, во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 670 метри.[3]

Суводол се граничи со градот Демир Хисар и селото Вардино на север, со селото Древеник (Општина Битола) на исток, со селото Лопатица (Општина Битола) на југ и со соседното село Кутретино на исток.[2]

Селото е практично споено со соседното Кутретино, така што дел од општествените установи се заеднички. Двете села ги делат училиштето, фудбалското игралиште, селската црква „Св. Константин и Елена“ и селските гробишта.[4]

Во 1958 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1966 година, а асфалтен пат од 1986 година. Во селото има доста нови куќи.[2]

Над селото се наоѓа голема сончева централа и две мали вештачки езера, чија вода се користи и за наводнување.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото Суводол е споменато во пописните турски дефтери од 1468 година и од 1568 година. Во 1468 година имало 23 семејства, 3 вдовици и 1 неженет, односно вкупно 128 жители. Во 1568 година имало 17 семејства и 4 неженети или вкупно 89 жители. Селото плаќало вкупно 2.132 акчиња годишно данок.[2]

Во XIX век, Суводол било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 11 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 610 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 262 хектари, а на пасиштата 185 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]

Во минатото, во селото работела воденица, имало пет продавници и фурна за леб. Денес, во селото има две продавници, две краварски фарми и една столарска работилница (од 1998 г.) со 10 вработени лица.[2]

Населението се занимава со одгледување тутун, овчарство и краварство.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948457—    
1953487+6.6%
1961448−8.0%
1971479+6.9%
1981568+18.6%
ГодинаНас.±%
1991462−18.7%
1994426−7.8%
2002415−2.6%
2021371−10.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Суводол живееле 120 жители, сите Албанци.[5] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Суводол имало 60 жители, муслимани.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци, 100 Албанци и 50 Турци.[7]

Селото е средно по големина и во 1961 година броело 448 жители, од кои 371 биле Македонци, а по 36 жители биле Турци и Албанци. Во 1994 година, бројот се намалил на 426 жители, од кои 385 биле Македонци, 20 Турци и 18 Албанци.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Суводол живееле 415 жители, од ои 369 Македонци, 31 Албанец, 13 Турци, 1 Србин и 1 останат.[8]

Денес, Суводол бележи мало зголемување и според неофицијални податоци има 450 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 371 жител, од кои 335 Македонци, 21 Албанец, 3 Турци и 12 лица без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Суводол:

Година Македонци Албанци Турци Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 457
1953 297 15 146 0 29 487
1961 371 36 36 3 2 448
1971 418 0 52 6 3 479
1981 503 32 27 2 4 568
1991 418 10 30 2 2 462
1994 385 18 20 1 2 426
2002 369 31 13 1 1 415
2021 335 21 3 0 0 12 371

* Извор: Државен завод за статистика на Македонија (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови[уреди | уреди извор]

Суводол е е македонско-албанско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[10]

  • Македонски родови:
    • Доселеници: Србиновци (2 к.) и Лозановци (1 к.), доселени се во 1913 година од селото Церово; Пржевци (1 к.), доселени се во 1924 година од селото Граиште; Гацовци (4 к.), доселени се одамна од некаде; Кочовци и Циговци (1 к.), доселени се во 1921 година од селото Стругово; Јолевци (2 к.), доселени се во 1919 година од селото Граиште; Неделковци (1 к.), доселени се во 1923 година од селото Слоештица; Ѓоргијовци (1 к.), доселени се во 1924 година од селото Мренога; Божиновци и Тодоровци (1 к.), доселени се во 1906 година од раселеното село Чагор кај Битола; Биринџиовци (1 к.), доселени се пред 1903 година од селото Вардино; Желкаровци (2 к.), доселени се во 1920 година од селото Плаќе кај Охрид; Богојовци (3 к.), доселени се од раселеното село Чагор; Брежанци или Наумовци (2 к.), доселени се во 1926 година од селото Брежани во Дебрца; Трајчевци (1 к.), доселени се во 1923 година од селото Света; Давидовци со Божиновци (1 к.), доселени се во 1923 година од селото Вирово; Николовци (1 к.), доселени се во 1923 година од селото Мренога; Шумковци или Котевци (1 к.), доселени се во 1926 година од селото Вирово; Штрковци (2 к.), доселени се во 1924 година од селото Вирово; Лозановци или Гошевци (1 к.) и Балаковци или Јосифовци (2 к.), доселени се во 1925 година од селото Вирово; Налевци и Климевци (4 к.) и Јаневци или Марковци (2 к.), доселени се во 1921 година од селото Брежани; Гроздановци и Гаќерковци (1 к.) и Ѓорговци или Најдевци (2 к.), доселени се во 1923 година од селото Боиште; Таневци со Крстановци (1 к.), доселени се во 1925 година од селото Брежани.
  • Албански родови:
    • Доселеници: Карамановци и Саџамовци (2 к.), Реџовци и Беќировци (2 к.), Муратовци (1 к.), Амзовци (1 к.), Веселовци (2 к.), Адемовци со Раивовци и Мучуковци (2 к.), Сулејмановци (4 к.), Садуловци (1 к.), непознато потекло; Даутовци и Исламовци (3 к.), доселени се од раселеното село Буково, кое се наоѓало на патот Ресен-Охрид; Везовци (2 к.), доселени се од Голо Брдо; Оџовци (1 к.), доселени се од селото Врбоец кај Крушево; Чучурлевци (1 к.), доселени се од селото Чучук во Албанија; Оџа (1 к.), доселени се од селото Лажани кај Прилеп.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Демир Хисар, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со додавање на поранешната Општина Сопотница.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Хисар, во која селото Суводол, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче и Стругово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Мургашево, во која влегувале селата Белче, Кутретино, Мургашево, Слепче и Суводол.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0638 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 296 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[14]
Цркви[15]
Манастири
Џамии
Реки[16]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави
  • Голема Богородица (28 август) — селска слава
  • Свети Константин и Елена (3 јуни) — селска слава

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Суводол имало печалбари во Романија и САД. Бројот на иселени домаќинства изнесува над 30, од кои најголем дел се во градовите Битола, Скопје, Прилеп и Охрид, но има иселено и европските и прекуокеанските земји.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Димитров; Никола (2017). Географија на населби : општина Демир Хисар. Битола. ISBN 978-608-65616-4-2. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 2020-03-06.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 290. Посетено на 6 март 2020.
  4. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-17. Посетено на 2020-03-07.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 март 2020.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
  11. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 7 март 2020.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 7 март 2020.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 71. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]