Прејди на содржината

Сува Река - Парагон (Гевгелија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сува Река (Гевгелија))
Сува Река - Парагон

Карта

Местоположба 41°08′00″N 22°30′00″E / 41.13333°N 22.50000°E / 41.13333; 22.50000
Основни податоци
МестоГевгелија
ОпштинаГевгелија
Тип

 некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Сува Река - Парагонархеолошко наоѓалиште во градот Гевгелија. Претставува некропола од железно време.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Наоѓалиштето се наоѓа во јужниот дел на градот, на брегот на Сува (Конска) Река.

Историја

[уреди | уреди извор]

Било прогласено за културно наследство на Македонија со решение од 8 јули 1976 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Подоцна истото било надополнето на 30 декември 2003 година.[1]

Особено во коритото на реката и на нејзините брегови, како и на флувијалната тераса на десната страна, позната под името Парагон, се откриени голем број гробови од неколку типови: слободно вкопување, цисти од камени плочи и во питоси, сите со различна насоченост. Во голем број се и предметите од бронза во вид на украсни предмети и накит, како и орудија и оружје од железо. Во периодот 1975-77 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Музејот на Македонија вршеле заштитни археолошки ископувања. Откриените наоди се чуваат во Музејот во Гевгелија и во Музејот на Македонија во Скопје.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 4 септември 2025.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 95. ISBN 9989649286.