Суад Енѓулу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Суад Енѓулу е писател од турска националност во Македонија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Суад е роден во Скопје, 1950 година. Завршил средно училиште. Работел како новинар во „Бирлик“. Сега живее, работи и твори во Турција. Член на ДПМ од 1975 година. Автор е на книгите: "Sozgen" (Збороаголник, 1972), "Kumrovets. Li cocugum anisina" (Во спомен на едно дете од Кумровец, 1981), "Sevi yorgunu" (Од љубовта уморен, 1983). Во Косово на турски јазик ја објавил книгата "Bir Sevimle, bir devrim ustune" (За една Севим и за една револуција, 1980). Студирал француски јазик и книжевност на педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје. Суад преведува од македонски, хрватски, српски, босански јазик на турски и од турски на македонски јазик. Многу години работи во организирањето на големиот Македонско-турски речник.



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 90.