Студио Џибли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Студио Џибли
株式会社スタジオジブリ
Studio Ghibli Inc.
ПретходникТопкрафт
Oснованајуни 15, 1985; пред 35 години (1985-06-15)
во Токио, Јапонија
Основач(и)
СедиштеКоганеи, Токио, Јапонија
Опслужувано
подрачје
Меѓународно
Клучни личностиКоџи Хошино (Претседавач)
Кијофуми Накаџима (Претседател)
Хајао Мијазаки (Директор)
Тошио Сузуки (Извршен директор)
ДејностФилмови
Видео игри
ТВ реклами
ПроизводиАнимирани филмови (аниме), ТВ филмови, реклами, играни филмови
Нето приход¥1.426 трилиони (2011 г.)
496.9 милијарди мкд
8 милијарди
Вработени150
Матично
претпријатие
Токума Шотен (1985–2005 г.)
Независно (2005–)
Порталghibli.jp

Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value) е јапонско анимациско филмско студио со седиште во Коганеи, Токио.[1] Студиото е најдобро познато од неговите играни анимирани филмови, како и неколку краткометражни филмови, телевизиски реклами, и еден телевизиски филм. Основано е на 15 јуни, 1985 година од режисерите Хајао Мијазаки и Исао Такахата, и продуцентот Тошио Сузуки, по успехот на анимираниот филм НАУСИКАА ОД ДОЛИНАТА НА ВЕТРОТ (1984 г.) создаден од студиото „Топкрафт“, кое е всушност директен претходник на Џибли. Студиото соработувало со разни студија за видеоигри за визуелното развивање на неколку видеоигри.[2]

Шест филмови на Студио Џибли се меѓу 10-те аниме филмови со најголема заработка направени во Јапонија, а ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ (2001 г.) е втор со најголема заработка од над $360 милиони ширум светот. Многу од нивните дела имаат освоено Animage Аниме ГП награда, а четири ја освоиле Наградата на Јапонската Академија за анимација на годината. Пет филмови од Студио Џибли добиле номинации за Оскар. ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ ја освоил Златната мечка во 2002 година и Оскар за најдобар анимиран игран филм во 2003 година. Тоторо (шумски дух), лик од филмот „МОЈОТ СОСЕД ТОТОРО, е маскота на студиото.[3]

На 3 август 2014 година, Студио Џибли привремено го запреле производството по пензионирањето на Мијазаки. Во февруари 2017 година, Тошио Сузуки објавил дека Мијазаки повторно излегол од пензија за да режира нов долгометражен филм насловен КАКО ЛИ ЖИВЕЕШ?, со Студио Џибли.

Име[уреди | уреди извор]

Името Џибли било дадено од Хајао Мијазаки од италијанската именка „ghibli, заснована врз либиското арапско име за врел пустински ветер (قبلي, романизирано: ghiblī), со идејата дека студиото „ќе крене нов ветер низ аниме-индустријата“.[4][5] Исто така, се однесува на италијанскиот авион, „Caproni Ca.309“. Иако италијанскиот збор попрецизно би бил транслитериран како ギブリ(„Гибури“), јапонското име на студиото е ジブリ (Џибури [dʑiꜜbɯɾi] ( слушнете)).

Историја[уреди | уреди извор]

Тројца од четворицата основачи на Студио Џибли. Озгора надолу:
Хајао Мијазаки,
Исао Такахата,
Тошио Сузуки

Токума Шотен период[уреди | уреди извор]

Основано на 15 јуни 1985 година, студиото го воделе режисерите Хајао Мијазаки и Исао Такахата и продуцентот Тошио Сузуки. Пред формирањето на студиото, Мијазаки и Такахата веќе имале долга кариера во јапонската филмска и телевизиска анимација и работеле заедно на филмот ГОЛЕМАТА АВАНТУРА НА ХОРУС, ПРИНЦ НА СОНЦЕТО од 1968 година и филмовите ПАНДА! НАПРЕД, ПАНДА! од 1972 и 1973 г., а во 1978 година, Сузуки станал уредник на Animage манга списанието на Токума Шотен, каде што првиот филм што го избрал бил ХОРУС. Една година по неговиот телефонски повик со Такахата и неговата прва средба со Мијазаки, по што разговарале за ХОРУС, тој им телефонирал за првиот филм што Мијазаки некогаш го режирал: ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО.

Студиото е основано по успехот на филмот НАУСИКАА од 1984 година, напишан и режиран од Мијазаки за Топкрафт, а дистрибуиран од Тоеи. Потеклото на филмот лежи во првите два тома на серијализираната манга напишана од Мијазаки и публикувана во Animage како начин за создавање интерес за аниме верзија.[5][6] Сузуки бил дел од продуцентскиот тим на филмот и го основал Студио Џибли со Мијазаки, кој исто така го поканил Такахата да се приклучи на новото студио.

Студиото главно продуцирало филмови од Мијазаки, а втор најплоден режисер е Такахата (најпознат од ГРОБОТ НА СВЕТУЛКИТЕ). Меѓу другите режисери кои работеле со Студио Џибли се: Јошифуми Кондоо, Хиројуки Морита, Гороо Мијазаки и Хиромаса Јонебајаши. Композиторот Џо Хисаиши го обезбедил саундтракот за повеќето филмови на Мијазаки за Студио Џибли. Во нивната книга „Аниме класици Зеттаи!“, Брајан Камп и Џули Дејвис го забележале Мичијо Јасуда како „столб на извонредниот тим за производство и продукција на Студио Џибли“.[7] Во еден период, студиото било со седиште во Кичиџооџи, Мусашино, Токио.[8]

Во август 1996 година, Волт Дизни и Токума Шотен формирале партнерство во кое што Волт Дизни Студиос ќе станат единствениот меѓународен дистрибутер за анимираните филмови на Студио Џибли на Токума Шотен.[9] Според овој договор, Дизни исто така се согласиле да финансираат 10% од трошоците за производството на студиото.[10] Оттогаш, сите три гореспоменати филмови на Мијазаки во Студио Џибли, кои претходно биле синхронизирани од Streamline Pictures, повторно биле синхронизирани од Дизни.[11] На 1 јуни 1997 година, Токума Шотен ги консолидирало своите медиумски активности со спојување на Студио Џибли, Токума Шотен Интермедија софтверот и Токума Интернешнл на една локација.[12]

Со текот на годините, постоела блиска врска помеѓу Студио Џибли и магазинот Animage, кој редовно објавува ексклузивни статии за студиото и неговите членови во делот насловен „Белешки на Џибли“. Уметничките дела од филмовите на Џибли и други дела често се појавуваат на насловната страница на списанието. Романот на Саеко Химуро, „Уми га Кикоеру“, бил серијализиран во списанието и потоа бил адаптиран во филмот „ОКЕАНСКИ БРАНОВИ, единствениот долгометражен анимиран филм на Студио Џибли, создаден за телевизија. Режисер бил „Томоми Мочизуки“.[13]

Во октомври 2001 година, Џибли музејот бил отворен во Митака, Токио.[14] Содржи изложби засновани на филмовите од Студио Џибли и прикажува ексклузивни анимации, вклучувајќи голем број на кратки филмови на Студио Џибли кои не се достапни на друго место.

Студиото е познато и по својата строга политика на „забрането уредување“ во лиценцирањето на нивните филмови во странство, поради тоа што НАУСИКАА била преработена во голема мера при објавувањето на филмот во САД под наслов „ВОИНИ НА ВЕТРОТ“. Политиката „без пресеци“ била потенцирана кога копретседавачот на Miramax, Харви Вајнстин, предложил да ја преуреди и ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ“, за да биде покомерцијална. Се шпекулира дека еден продуцент на Студио Џибли испратил автентичен јапонски меч (веројатно катана) со едноставна порака: „Без пресеци“.[15]

Независна ера[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1999 и 2005 година, Студио Џибли била подружница на брендот на Токума Шотен; сепак, тоа партнерство завршило во април 2005 година, кога Студио Џибли биле отстранети од Токума Шотен и биле воспоставени како независна компанија со преместено седиште.

На 1 февруари 2008 година, Тошио Сузуки се повлекол од позицијата претседател на Студио Џибли, која ја извршувал од 2005 година, па Коџи Хошино (поранешен претседател на Волт Дизни Јапонија) ја презел функцијата. Сузуки рекол дека сака да ги подобрува филмовите со свои раце како продуцент, наместо да го бара тоа од неговите вработени. Сузуки одлучил да му го предаде претседателското место на Хошино затоа што Хошино му помогнал на Студио Џибли да ги продава своите видеа уште од 1996 година, и исто така помогнал во објавувањето на ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ во САД.[16] Сузуки сè уште работи во одборот на директори на компанијата.

Два кратки филмови од Студио Џибли создадени за Џибли музејот биле прикажани на фестивалот Carnegie Hall Citywise Japan NYC: „КУЌЕН ЛОВ“ и „МОН МОН, ВОДЕНИОТ ПАЈАК“ биле прикажани на 26 март 2011 година.[17]

Такахата развил проект за објавување по филмот ПРИКАЗНИ ОД ЗЕМЈОМОРЕ режиран од Гороо Мијазаки, синот на Хајао, насловен ПРИКАЗНАТА ЗА ПРИНЦЕЗАТА КАГУЈА - адаптација на Приказната за бамбусовиот сечач. Последниот филм режиран од Хајао Мијазаки пред да се повлече од играните филмови бил ВЕТРОТ СЕ ЗАСИЛУВА“, што ја обработува темата за авионот Митсубиши A6М Нула и неговиот творец.[18]

На 1 септември 2013 година, Хајао Мијазаки одржал прес-конференција во Венеција за да го потврди своето пензионирање, велејќи: „Знам дека реков дека ќе се повлечам многу пати во минатото. Многумина од вас мора да мислат: "Уште еднаш". Но, овој пат сум многу сериозен.“[19]

На 31 јануари 2014 година, било најавено дека Гороо Мијазаки ќе ја режира својата прва аниме телевизиска серија, „САНЗОКУ НО МИСУМЕ РООНЈА, адаптирана од книгата на Астрид Линдгрен, Рониа, ќерката на Арамијата за РКЈ. Серијата е компјутерски анимирана, во продукција на Poligon Pictures, и во копродукција на Студио Џибли.[20][21]

Во март 2014 година, Тошио Сузуки се повлекол како продуцент и ја презел новата позиција на генерален директор. Јошијаки Нишимура го заменил Сузуки во продуцентската улога.[22]

На 3 август 2014 година, Тошио Сузуки објавил дека Студио Џибли ќе направи „кратка пауза“ за да се процени и преструктуира во пресрет на пензионирањето на Мијазаки. Тој изјавил некои загрижености за тоа каде ќе оди компанијата во иднината.[23][24][25][26] Ова довело до шпекулации дека Студио Џибли никогаш повеќе нема да произведе друг игран филм. На 7 ноември 2014 година, Мијазаки изјавил: „Сепак, тоа не беше мојата намера. Сè што направив беше да објавам дека ќе се повлечам и нема да правам повеќе филмови“.[27] Водечкиот продуцент Јошијаки Нишимура, меѓу неколкуте други вработени од Џибли, како режисерот Хиромаса Јонебајаши, заминале и го основале Студио Понок во април 2015 година, работејќи на филмот МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА.

Анимираниот фантастичен филм ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА од 2016 година, во режија и ко-сценарио на холандско-британскиот аниматор Михаел Дудок де Вит и негов дебитантски анимиран филм, бил копродукција помеѓу Студио Џибли и Wild Bunch.[28]

Во февруари 2017 година, Тошио Сузуки објавил дека Хајао Мијазаки излегол од пензија за да режира нов игран филм со Студио Џибли.[29]

На 28 ноември 2017 година, Коџи Хошино се повлекол од функцијата претседател; беше заменет со Кијофуми Накаџима (поранешен директор на Џибли музејот). Тогаш, Хошино бил назначен за Претседател на Студио Џибли.[30][31]

Во мај 2020 година, Тошио Сузуки потврдил дека во Студио Џибли развива нов филм од Гороо Мијазаки. На 3 јуни 2020 година, Студио Џибли објавило дека филмот ќе биде адаптација на романот Ервиг и вештерката од Дијана Винн. Филмот бил најавен како прв целосно 3D CG анимиран Џибли филм и закажан за телевизиска премиера на РКЈ кон крајот на 2020 година.[32]

Дистрибуциски права[уреди | уреди извор]

Театарски и домашни медиумски права[уреди | уреди извор]

Јапонија[уреди | уреди извор]

Во Јапонија, филмовите на компанијата (заедно со ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО и сите други „Лупин Трети наслови за кино-салите, како и МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА) се театрално дистрибуирани од Тохо (освен ЗАМОК НА НЕБОТО и СЛУЖБА ЗА ИСПОРАКА НА КИКИ, кои биле дистрибуирани од Тоеи заедно со НАУСИКАА“, и воедно во нивна продукција бил и ХОРУС, ПРИНЦ НА СОНЦЕТО“, а МОИТЕ СОСЕДИ ЈАМАДА, бил дистрибуиран од Шочику), а од Волт Дизни Студиос Јапонија за домашните медиуми заедно со филмовите НАУСИКАА, ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО и МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА.[33] Пред договорот со Дизни, Токума Шотен ги објавувал Џибли филмовите преку нивната етикета „Animage Видео“, како и сите Laserdisc изданија на филмовите, бидејќи договорот со Дизни не го вклучувал овој формат до летото во 1996 година.

Северна Америка[уреди | уреди извор]

Manson International и Showmen, Inc. произвеле 95-минутна англиска адаптација на НАУСИКАА наречена, „ВОИНИ НА ВЕТРОТ“, а била објавена театарски во Соединетите Држави од страна на New World Pictures на 13 јуни 1985 година, проследена со издание на VHS во декември 1985 година.[34] Кон крајот на 80-тите години од минатиот век, Vestron Video повторно го издале филмот и First Independent Video повторно го објавиле во 1993 година, со уште една минута пресечена од целосниот филмот. Гласовните глумци и глумици не биле наведени и дури не биле информирани за приказната на филмот, а филмот бил преработен во голема мера за да се пласира како детски акционо-авантуристички филм, иако филмот добил рејтинг PG, исто како и подоцнежната англиска синхронизација на Дизни.[35] Следствено, дел од наративното значење на филмот бил изгубен: некои од еколошките теми биле разводнети, како што била и главната споредна поента од приказната за Оому суштествата, променета на начин што ги претвориле во агресивни непријатели. Повеќето од имињата на ликовите биле променети, вклучувајќи го и насловнит лик, станувајќи принцезата Зандра (Наусикаа). Постерот во Соединетите држави и VHS еквивалентот содржел кадар од машки ликови кои воопшто не се во филмот, јавајќи го воскреснатиот „Божји воин“ — вклучително и споменатиот воин, но прикажан накратко во ретроспектива.[36] Сцени од околу 22 минути биле скратени за изданието на филмот во Северна Америка. Незадоволен од ова, Мијазаки на крајот усвоил строга клаузула, „без уредувања“, за понатамошните странски изданија на филмовите на компанијата. ВОИНИТЕ НА ВЕТРОТ исто така го поттикнало Мијазаки да му дозволи на преведувачот Торен Смит од Студио Протеус да создаде официјален, верен превод на мангата „Наусикаа“ за Виз Медиа.[37]

Кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, англиската синхронизирана верзија на ЗАМОК НА НЕБОТО била произведена од Magnum Video Tape and Dubbing,[38] за меѓународните летови на Јапонија Авиотранспорт на барање на Токума Шотен. Синхронизираниот филм накратко бил прикажан во Соединетите Држави од страна на Streamline Pictures. Карл Мачек, шефот на Стримлајн, бил разочаран од овој даб, сметајќи го за „доволен, но несмасен“.[39] По ова, Токума им дозволиле на Стримлајн да ги синхронизира своите идни преземања ТОТОРО и КИКИ. Во април 1993 година, Трома Филмс, под нивната етикета 50th St. Films, го дистрибуирала ТОТОРО во своето театарско синхронизирано издание, а подоцна бил објавен на VHS и на крајот на ДВД од 20th Century Fox Home Entertainment. Во раните 1990-ти, англиска синхронизирана верзија на ПОРКО РОСО била произведена од непозната компанија, повторно за меѓународните летови на Јапонија Авиотраснпорт. Оригиналните синхронизации можат да се видат на збирката од 1996 г. „Џибури га Иппаи“ (Ласердиск) и на првичните копии за јапонските ДВД-изданија на ТОТОРО, ЛАПУТА (ЗАМОКОТ) и ПОРКО.

Во 1996 година, Волт Дизни Студиос се стекнале со светски права за дистрибуција на библиотеката на Студио Џибли, со тоа што Дизни ги пресинхронизирале сите филмови.[9][40] Покрај тоа, Волт Дизни Студиос Јапонија се согласиле да придонесат со 10% од финансиите за сите идни изданија, почнувајќи од МОИТЕ СОСЕДИ ЈАМАДА, со ексклузивно право за прво одбивање во врска со меѓународната дистрибуција.[10] Дизни продолжува со оваа практика до денес, дури и проширувајќи ја со делата на Студио Понок и на копродукциите како ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА во Јапонија. Се тврди дека биле потребни четири години за Дизни и Студио Џибли да постигнат договор за дистрибуција. Првично, филмовите на Џибли требало да бидат етикета на линија видеа наречена Animation Celebration, истакнувајќи критички признати анимирани филмови од целиот свет. Овие планови никогаш не се реализирале во целост, но логото на Animation Celebration може да се види на оригиналното издание на Дизни за филмот КИКИ на VHS. За време на мандатот на Дизни, студиото ја произвело англиската синхронизација и објавило 15 филмови на Џибли, плус НАУСИКАА преку етикетата на Волт Дизни, Buena Vista Home Video, Мирамакс и Touchstone Pictures.[41]

Во 2011 година, GKIDS ги стекнале правата на театарската дистрибуција на северноамериканските гореспоменатите филмови на Џибли, со тоа што Волт Дизни ги задржале правата за домашните видео изданија.[42] После тоа, во 2013 година, GKIDS ги стекнале правата на дистрибуција на САД и Канада на ОД РИДОТ НА БУЛКИТЕ. Филмот, кој Дизни го пренеле на GKIDS поради справување со потенцијален инцест, било прв пат од 1996 година Дизни да му предаде филм на Студио Џибли на друг дистрибутер. После тоа, GKIDS продолжиле да ги дистрибуираат филмовите за Дизни, кои се сметале за премногу зрели или некомерцијални за американската публика: КАКО ДА БЕШЕ ВЧЕРА, ОКЕАНСКИ БРАНОВИ, ПРИКАЗНАТА ЗА ПРИНЦЕЗАТА КАГУЈА и КОГА МАРНИ БЕШЕ ТАМУ. Конечно, во јули 2017 година, Дизни се откажале од правата за домашните видеа (со исклучок на „ВЕТРОТ СЕ ЗАСИЛУВА“, кој останал со Дизни до 2020 година, поради дистрибутивната клаузула), предавајќи ги на ГКИДС, кој во моментов се справуваат со целата театарска и домашна дистрибуција на Џибли филмовите во Северна Америка заедно со МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА.[40] Како и да е, Дизни сè уште продолжува со избрана дистрибуција во Јапонија (домашни медиуми) и Тајван.

За изданијата на домашните медиуми на GKIDS, работеле повеќе дистрибутери. Cinedigm го дистрибуирале изданието за домашни медиуми на филмовите РИДОТ НА БУЛКИТЕ, Universal Pictures Home Entertainment ги дистрибуирале изданијата за домашните медиуми на филмовите КАГУЈА, МАРНИ, МЕРИ, КАКО ДА БЕШЕ ВЧЕРА и ОКЕАНСКИ БРАНОВИ, а Shout! Factory досега ги дистрибуирале сите последователни изданија. Филмовите на Студио Џибли во сопственост на GKIDS биле ставени на располагање за дигитални набавки на повеќето големи сервиси во САД и Канада на 17 декември 2019 година преку Shout! Factory.[43]

Меѓународно ниво[уреди | уреди извор]

Надвор од Јапонија и Северна Америка од 2003 година, Wild Bunch има меѓународни права за продажба на филмската библиотека на Џибли.[44] Компанијата продава права на дистрибуција на одделни дистрибутери низ целиот свет, вклучително и StudioCanal UK (Велика Британија и Ирска),[б 1] Компанијата Волт Дизни (Тајван), Wild Bunch (Франција и Белгија), Universum Film (Германија), Lucky Red (Италија) и Madman Entertainment (Австралија и Нов Зеланд).

Забележително е тоа што ТАЈНИОТ СВЕТ НА АРИЕТИ добил втора синхронизација во Велика Британија, во продукција на StudioCanal, најверојатно поради потеклото на филмот од британскиот роман на Мери Нортон, „Позајмувачите.

Дизни претходно ги имале и меѓународните права на продажба, сè до купувањето на Wild Bunch во 2003 година. Дизни ги задржале француските права на дистрибуција на библиотеката на Џибли до септември 2020 година, кога истекла и се префрлила на Wild Bunch.[45]

Стриминг права[уреди | уреди извор]

Пред 2019 година, Студио Џибли одлучиле да не ги стават на дигитално располагање своите филмови, бидејќи чувствувале дека физичките медиуми и театарските настани како Студио Џибли Фест на GKIDS, ќе работи повеќе кон нивната цел за заштита и кураторство на своите филмови. Дизни претходно лобирале за стриминг договор со Џибли за време на нивниот мандат на дистрибуцијата, но ваквите обиди никогаш не биле реализирани.[41] Раководителите на студиото се предомислиле откако слушнале цитат од американскиот актер и режисер Вуди Ален за тоа како треба да има повеќе начини за продажба на играните филмови.[46]

На 17 октомври 2019 година, HBO Max на WarnerMedia објавиле дека имаат стекнато ексклузивни права за стриминг на каталогот на Студио Џибли во САД, како дел од договорот со GKIDS; овие филмови станале достапни од кога услугата започнала во мај 2020 година.[47] На 20 јануари 2020 година, било објавено дека Нетфликс ги стекнале ексклузивните права за стриминг на овој каталог во сите региони, освен во Соединетите држави (во кои Нетфликс има права на стриминг и на ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО и на МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА), Канада и Јапонија, како дел од зделката со меѓународниот партнер за правата на продажба на Џибли, Wild Bunch. Седум од дваесет и еден филм во каталогот на студиото биле објавени на 1 февруари 2020 година, а останатите следувале на 1 март и 1 април.[48] Нетфликс потоа склучиле посебен договор со GKIDS за стриминг правата во Канада, кој бил објавен на 22 јуни, а стапил во сила на 25 јуни за повеќето филмови.[49] Во моментов, не се објавени договори за стриминг правата во матичната земја на Студио Џибли.

ГРОБОТ НА СВЕТУЛКИТЕ[уреди | уреди извор]

Повеќето од горенаведените зделки не го вклучуваат ГРОБОТ НА СВЕТУЛКИТЕ“; за разлика од повеќето други филмови, кои биле објавени од Токума Шотен, ГРОБОТ НА СВЕТУЛКИТЕ бил произведен и е во сопственост на Шинчоша, кои исто така го објавиле расказот на кој е заснован филмот, и како таков, паднал во различно правно сопствеништво.[43]

ГРОБОТ НА СВЕТУЛКИТЕ бил издаден во Јапонија на VHS од страна на Buena Vista Home Entertainment во збирката „Џибури га Иппаи“ на 7 август 1998 година. На 29 јули 2005 година, ДВД изданието било дистрибуирано преку Warner Bros. Home Entertainment. Волт Дизни Студиос Јапонија го објавиле комплетното колекционерско ДВД на 6 август 2008 година. Тие исто така го издале филмот на Blu-ray двапати на 18 јули 2012 година: еднаш како единечно издание и втор пат заедно со ТОТОРО.

Тој бил објавен на VHS во Северна Америка од Central Park Media само со англиски превод на 2 јуни 1993 година.[50] Тие подоцна го издале филмот синхронизиран на англиски за VHS на 1 септември 1998 година (истиот ден кога Дизни го издале КИКИ во Северна Америка) и како ДВД за сите региони (кое исто така го вклучувало и оригиналниот јапонски со англиски превод) на 7 октомври истата година. Подоцна бил објавен на ДВД-збирка со два дискови (кој уште еднаш ги вклучил и англиската синхронизација и оригиналот на јапонски јазик со англиски превод, како и иницијалните хамери за приказната на филмот, со тоа што вториот диск содржел пообемни дополнителни карактеристики) на 8 октомври 2002 година. Тој бил објавен од Central Park Media последен пат на 7 декември 2004 година. После банкротот и ликвидацијата на Park Media во мај 2009 година,[51] ADV Films ги стекнале правата и повторно го објавиле на ДВД на 7 јули 2009 година.[52] По затворањето и ребрендирањето на ADV на 1 септември 2009 година,[53] нивниот наследник, Sentai Filmworks, го спасил филмот и издал во ремастеризирано ДВД на 6 март 2012 година.[54][55] Блу-реј изданието било објавено на 20 ноември 2012 година, со комплетно нова англиска синхронизација во продукција на Seraphim Digital, заедно со дигитално издание во истата година.[56]

StudioCanal објавиле Blu-ray издание во Велика Британија на 1 јули 2013 година.[57] Madman Entertainment го објавила филмот во Австралија и Нов Зеланд.

Дела[уреди | уреди извор]

Иако технички не се филмови на Студио Џибли, ГОЛЕМАТА АВАНТУРА НА ХОРУС, ПРИНЦ НА СОНЦЕТО (1968 г.), ПАНДА! НАПРЕД, ПАНДА! (1972 г.), ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО (1979 г.), ЏАРИНКО ЧИЕ (1981 г.), „ГОШ, ВИОЛОНЧЕЛИСТОТ (1982), НАУСИКАА (1984 г.), МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА (2017 г.) и СКРОМНИ ЈУНАЦИ (2018 г.), понекогаш се групираат заедно со Студио Џибли библиотеката (особено со домашната видео-колекција „Џибури га Иппаи“ издадена од Волт Дизни Студиос Јапонија) поради нивните врски со студиото.

ХОРУС и КАГЛИОСТРО биле долгометражните режисерски дебија на Исао Такахата и Хајао Мијазаки, редоследно, и биле продуцирани од Тоеи Анимација и TMS Entertainment неколку години пред основањето на Студио Џибли.

НАУСИКАА била режирана од Мијазаки со Топкрафт, студио кое Мијазаки, Такахата и Тошио Сузуки подоцна го купиле и го преименувале во Студио Џибли. Како резултат, филмот често се објавувал и се продавал како филм од Студио Џибли.

ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА бил во копродукција на Студио Џибли со холандскиот аниматор Михаел Дудок де Вит и бил брендиран како меѓународно издание на Студио Џибли. Дистрибуиран е од Sony Pictures Classics во Северна и Латинска Америка.

МЕРИ И ЦВЕТОТ НА ВЕШТЕРКАТА и СКРОМНИ ЈУНАЦИ биле произведени од Студио Понок, компанија основана од ветерани на Студио Џибли, Јошијаки Нишимура и Хиромаса Јонебајаши, по реструктуирањето на Џибли во 2014 година.

За целите на списокот подолу, се наведени само филмовите целосно произведени и објавени од Студио Џибли. Други продукции на Студио Џибли се наведени овде.

Играни филмови[уреди | уреди извор]

Година Наслов Режисер Сценирист(и) Продуцент(и) Музика Премиера (Комерцијална) RT MC
1986 ЗАМОК НА НЕБОТО Хајао Мијазаки Исао Такахата Џо Хисаиши Јапонија: 2 август 96%[58] 78
1988 ГРОБОТ НА СВЕТУЛКИТЕ Исао Такахата Тоору Хара Мичио Мамија Јапонија: 16 април 100%[59] 94
МОЈОТ СОСЕД ТОТОРО Хајао Мијазаки Џо Хисаиши 94%[60] 86
1989 СЛУЖБА ЗА ИСПОРАКА НА КИКИ Хајао Мијазаки Јапонија: 29 Јули 98%[61] 83
1991 КАКО ДА БЕШЕ ВЧЕРА Исао Такахата Тошио Сузуки Катз Јоши Јапонија: 20 јули
(Анг. синхрон.
1 Јануари, 2016 г.)
100%[62] 90
1992 ПОРКО РОСО Хајао Мијазаки Џо Хисаиши Јапонија: 18 јули 95%[63] 83
1993 ОКЕАНСКИ БРАНОВИ Томоми Мочизуки Сеиџи Окуда & Нозому Такахаши Шигеру Нагата Јапонија: 5 мај 88%[64] 73
1994 ПОМ ПОКО Исао Такахата Shang Shang Typhoon Јапонија: 16 јули 85%[65] 77
1995 ШЕПОТ НА СРЦЕТО Јошифуми Кондоо Хајао Мијазаки Јуџи Номи Јапонија: 15 јули 94%[66] 75
1997 ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ Хајао Мијазаки Џо Хисаиши Јапонија: 12 Јули
(САД: 29 октомври,
1999 г.)
93%[67] 76
1999 МОИТЕ СОСЕДИ ЈАМАДА Исао Такахата Акико Јано Јапонија: 17 јули 78%[68] 75
2001 ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ Хајао Мијазаки Џо Хисаиши Јапонија: 20 јули
(САД: 20 септември,
2002 г.)
97%[69] 96
2002 МАЧОРОТ СЕ ВРАТИ Хиројуки Морита Реико Јошида Тошио Сузуки & Нозому Такахаши Јуџи Номи Јапонија: 19 јули 90%[70] 70
2004 ПОДВИЖНИОТ ЗАМОК НА ХАУЛ Хајао Мијазаки Тошио Сузуки Џо Хисаишо Јапонија: 20 Ноември
(САД: 10 јуни,
2005 г.)
87%[71] 80
2006 ПРИКАЗНИ ОД ЗЕМЈОМОРЕ Горо Мијазаки Горо Мијазаки & Кеико Ниуа Томохико Ишии & Тошио Сузуки Тамија Терашима Јапонија: 20 јули
(САД: 13 август,
2010 г.)
43%[72] 47
2008 ПОНЈО Хајао Мијазаки Тошио Сузуки Џо Хисаиши Јапонија: 19 јули
(САД: 14 август,
2009 г.)
92%[73] 86
2010 АРИЕТИ Хиромаса Јонебаши Хајао Мијазаки & Кеико Ниуа Сесиљ Корбел Јапонија: 17 јули
(САД: 17 февруари,
2012 г.)
95%[74] 80
2011 ОД РИДОТ НА БУЛКИТЕ Гороо Мијазаки Сатоши Такебе Јапонија: 16 јули
(САД: 14 март,
2013 г.)
86%[75] 71
2013 ВЕТРОТ СЕ ЗАСИЛУВА Хајао Мијазаки Џо Хисаиши Јапонија: 20 јули
(САД: 21 февруари,
2014 г.)
88%[76] 83
ПРИКАЗНАТА ЗА ПРИНЦЕЗАТА КАГУЈА Исао Такахата Исао Такахата & Рико Сакагучи Јошиаки Нишимура Јапонија: 23 ноември
(САД: 17 октомври,
2014 г.)
100%[77] 89
2014 КОГА МАРНИ БЕШЕ ТАМУ Хиромаса Јонебајаши Хиромаса Јонебајаши, Кеико Ниуа & Масаши Андо Такагутсу Мураматсу Јапонија: 19 јули
(САД: 22 мај,
2015 г.)
91%[78] 72
2016 ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА[79] Михаел Дудок де Вит Паскал Феран Тошио Сузуки & Исао Такахата Лорент Перез дел Мар Франција (светска премиера): 29 јуни
Јапонија: 17 септември
(САД: 20 јануари, 2017 г.)
93%[80] 86
2020 ЕРВИГ И ВЕШТЕРКАТА[32] Гороо Мијазаки Кеико Ниуа & Еми Гунџи Тошио Сузуки Сатоши Такебе Јапонија: 30 декември
(САД: Рана 2021 г.)
TBA TBA
2023 КАКО ЛИ ЖИВЕЕШ?[81][82][83] Хајао Мијазаки Џо Хисаиши TBA TBA TBA

Важни Остварувања[уреди | уреди извор]

  • СЛУЖБА ЗА ИСПОРАКА НА КИКИ - Првиот театарски успех во историјата на Студио Џибли;
  • ПОРКО РОСО - Највисоко заработувачки филм во Јапонија во 1992 година;
  • ПОМ ПОКО - Првиот филм во кој користеле компјутерска графика;
  • ШЕПОТ НА СРЦЕТО - Првиот јапонски филм во Dolby Digital;
  • ПРИНЦЕЗАТА МОНОНОКЕ - Првиот филм на Мијазаки во кој користеле компјутерска графика, и првиот филм на Студио Џибли кој бил дигитално боен; првиот анимиран филм во јапонската историја кој имал заработка повисока од 10 милијарди јени, како и првиот анимиран филм кој ја добил Јапонската академска награда за филм на годината;
  • МОИТЕ СОСЕДИ ЈАМАДА - Првиот филм на Студио Џибли снимен користејќи 100% дигитална обработка (Digital image processing);
  • ПАТУВАЊЕ СО ДУШИТЕ - Првиот филм на Мијазаки што бил снимен користејќи 100% дигитална обработка; прв филм што имал заработка од $200 милиони на светско ниво, пред да биде прикажан во Северна Америка; филм кој конечно успеал да го надмине Титаник во јапонските кина, со што станал филм со најголема заработувачка во јапонската филмска индустрија; единствен аниме филм што освоил Оскар за најдобар анимиран филм, и единствениот победник создаден надвор од англиското говорно подрачје; единствениот традиционално анимиран филм што освоил Оскар за Најдобар анимиран филм.

Истакнати аниматори и ликовни дизајнери[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Вклучува и ДВД/Blu-ray дистрибуција на ГОЛЕМАТА АВАНТУРА НА ХОРУС, ПРИНЦ НА СОНЦЕТО и ЗАМОКОТ НА КАГЛИОСТРО, првите долгометражни играни филмови во режија на Исао Такахата и Хајао Мијазаки, редоследно.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 会社情報 Archived јули 18, 2011 на Wayback Machine." Studio Ghibli. Retrieved on February 26, 2010.
  2. Ni no Kuni: Wrath of the White Witch, Посетено на January 22, 2019
  3. John (November 22, 2011). „Everything You Need to Know About Studio Ghibli“. Tofugu (англиски). Архивирано од изворникот на May 8, 2018. Посетено на May 3, 2018.
  4. ジブリという名前の由来は? (Japanese). Архивирано од изворникот на July 30, 2013. Посетено на September 3, 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link) CS1 maint: BOT: original-url status unknown (link)
  5. 5,0 5,1 The Birth of Studio Ghibli, Nausicaä of the Valley of the Wind DVD, Walt Disney Home Entertainment, 2005.
  6. „First of Two-part Miyazaki Feature“. Animerica. 1 (5): 4. July 1993.
  7. Camp, Brian; Davis, Julie (September 15, 2007). Anime Classics Zettai. Berkeley California: Stone Bridge Press. стр. 292. ISBN 978-1-933330-22-8. Посетено на February 14, 2014.
  8. "The Animerica Interview: Takahata and Nosaka: Two Grave Voices in Animation." Animerica. Volume 2, No. 11. Page 11. Translated by Animerica from: Takahata, Isao. Eiga o Tsukurinagara, Kangaeta Koto ("Things I Thought While Making Movies") Tokuma Shoten, 1991. Originally published in Animage, June 1987. This is a translation of a 1987 conversation between Takahata and Akiyuki Nosaka. "Kichijoji is the Tokyo area where "Studio Ghibli," frequent Takahata collaborator Hayao Miyazaki's studio, is located.
  9. 9,0 9,1 Pollack, Andrew (July 24, 1996). „Disney in Pact for Films of the Top Animator in Japan“. The New York Times. Посетено на May 28, 2020.
  10. 10,0 10,1 Hill, Jim (April 14, 2020). „The Making of Hayao Miyazaki's "Spirited Away" -- Part 1“. jimhillmedia.com. Посетено на October 11, 2020.
  11. „August Issue News Section:Disney Will Distribute Japanese Animation“. Animation World Magazine. August 1996. Архивирано од изворникот на September 29, 2013. Посетено на July 19, 2011.
  12. Karrfalt, Wayne (May 27, 1997). „Tokuma looks to merge film, media distribution“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на March 5, 2016. Посетено на May 21, 2015.
  13. Toyama, Ryoko. „Umi ga Kikoeru: Frequently Asked Questions“. Nausicaa.net. Архивирано од изворникот на August 20, 2017. Посетено на August 12, 2017.
  14. „Japan, 18–28 April 2003“. fjordaan.net. Архивирано од изворникот на December 1, 2014. Посетено на April 17, 2015.
  15. Brooks, Xan (September 14, 2005). „A god among animators“. The Guardian. UK. Архивирано од изворникот на June 25, 2008. Посетено на May 23, 2007. There is a rumour that when Harvey Weinstein was charged with handling the US release of Princess Mononoke, Miyazaki sent him a samurai sword in the post. Attached to the blade was a stark message: 'No cuts.' / The director chortles. 'Actually, my producer did that.'
  16. スタジオジブリ社長に星野康二氏 (Japanese). Архивирано од изворникот на February 2, 2008. Посетено на February 1, 2008.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  17. „Miyazaki shorts come to Carnegie Hall for one day only“. Asia Pacific Arts. March 4, 2011. Архивирано од изворникот на August 8, 2014. Посетено на March 9, 2011.
  18. Ashcraft, Brian (July 23, 2012). „Studio Ghibli's Next Film is about Japan's Most Famous Fighter Plane (and the Guy who Designed It)“. Kotaku. Архивирано од изворникот на October 2, 2012. Посетено на September 30, 2012.
  19. Highfill, Samantha (September 6, 2013). „Hayao Miyazaki on his retirement: 'This time I am quite serious'. Entertainment Weekly. Посетено на October 27, 2019. Archived октомври 21, 2013 на Wayback Machine
  20. „Goro Miyazaki to Direct Ronia the Robber's Daughter TV Anime“. Anime News Network. January 30, 2014. Архивирано од изворникот на February 9, 2014. Посетено на February 14, 2014.
  21. „Polygon Pictures to Create Animation Under Goro Miyazaki's Direction, The Animated TV Series Ronia, the Robber's Daughter, Premiering on NHK BS in Autumn 2014“. Polygon Pictures. January 31, 2014. Архивирано од изворникот на February 23, 2014. Посетено на February 14, 2014.
  22. „Ghibli Co-Founder Toshio Suzuki Retires as Producer“. Anime News Network. March 9, 2014. Архивирано од изворникот на March 9, 2014. Посетено на March 9, 2014.
  23. „Toshio Suzuki スタジオジブリを背負った男。ヒットメーカー・鈴木敏夫のプロデューサー哲学に迫る“. MBS. August 3, 2014. Архивирано од изворникот на August 6, 2014. Посетено на August 3, 2014.
  24. Schilling, Mark (August 3, 2014). „Japan's Studio Ghibli Envisages Short Break, not Imminent Closure“. Variety. Penske Business Media, LLC. Архивирано од изворникот на August 18, 2017. Посетено на August 4, 2014.
  25. „Spirited Away maker Studio Ghibli halts production“. BBC News. August 4, 2014. Архивирано од изворникот на April 17, 2015. Посетено на February 8, 2015.
  26. Vincent, Alice (August 4, 2014). „Studio Ghibli may stop making films“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на August 3, 2014. Посетено на February 8, 2014.
  27. „Hayao Miyazaki isn't making features but is at work on a manga“. LA Times. November 7, 2014. Архивирано од изворникот на November 13, 2014. Посетено на November 7, 2014.
  28. „The Red Turtle: A film by Michael Dudok De Wit“ (PDF). Sony Pictures Classics. стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на November 16, 2017. Посетено на August 18, 2017. a Why Not Productions – Wild Bunch – Studio Ghibli – CN4 Productions – Arte France Cinema – Belvision Coproduction – with the support of Eurimages – with the participation of Canal+ – Ciné+ – Arte France – Region Poitou-Charentes – Departement de la Charente – Region Wallonne – Fondation Gan pour le cinema – in association with Cinemage 9 – Palatine Etoile 11 – Palatine Etoile 12 – BNP Paribas Fortis Film Finance
  29. „Ghibli Producer Suzuki: Hayao Miyazaki is Preparing to Work on New Feature Film“. Anime News Network. February 24, 2017. Архивирано од изворникот на March 1, 2017. Посетено на March 1, 2017.
  30. Schilling, Mark (November 30, 2017). „Kiyofumi Nakajima Appointed as Studio Ghilbi President“. Variety (англиски). Посетено на June 24, 2019.
  31. „Studio Ghibli Appoints Kiyofumi Nakajima as New President“. Anime News Network. November 28, 2017. Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на December 1, 2017.
  32. 32,0 32,1 „Ghibli, Goro Miyazaki Make CG Anime of Earwig and the Witch Novel by Howl's Moving Castle's Diana Wynne Jones“. Anime News Network. June 3, 2020. Посетено на June 3, 2020.
  33. „The Disney-Tokuma Deal“. nausicaa.net. September 10, 2003. Архивирано од изворникот на December 29, 2010. Посетено на August 8, 2014.
  34. „Warriors of the Wind (movie)“. CrystalAcids. Посетено на December 19, 2018.
  35. „FAQ“. Nausicaa.net. Архивирано од изворникот на May 9, 2008. Посетено на June 30, 2008.
  36. Warriors of the Wind [VHS] (1985). New World Pictures.
  37. Smith, Toren (January 1, 1995). „Site COMIC BOX“ 英語圏にも広がる新しい宮崎世代 [The New Miyazaki Generation Spreading Even into English Speaking Countries.]. Comic Box (Japanese). Fusion Products (98): 44–47. Архивирано од изворникот на September 23, 2015. Посетено на November 19, 2013.CS1-одржување: ref=harv (link) CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  38. „Laputa: Castle in the Sky (movie)“. crystalacids.com. Архивирано од изворникот на November 29, 2014. Посетено на November 17, 2014.
  39. Macek, Carl. „ANN Cast Episode 23“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на January 10, 2014. Посетено на January 11, 2014. We didn't dub it. Streamline didn't dub it. And I told the people at Tokuma Shoten that I thought the dubbing was marginal on Laputa and I thought that it could be a better product if they had a better dubbing... To me, there's a certain element of class that you can bring to a project. Laputa is a very classy film, so it required a classy dub and the dub given to that particular film was adequate but clumsy. I didn't like it all... It's not something that I appreciated intellectually as well as aesthetically.
  40. 40,0 40,1 D'Anastasio, Cecilia (August 10, 2017). „GKIDS Takes Over U.S. Studio Ghibli Distribution From Disney“. kotaku.com. Посетено на May 28, 2020.
  41. 41,0 41,1 Spiegel, Josh (May 27, 2020). „The long, ugly history between Disney and Studio Ghibli“. polygon.com. Посетено на May 28, 2020.
  42. Marechal, AJ (September 7, 2011). „GKids to release Miyazaki toons in U.S.“. Variety. Посетено на May 28, 2020.
  43. 43,0 43,1 Alexander, Julia (December 17, 2019). „Studio Ghibli movies are finally available to purchase digitally — but missing a major title“. The Verge. Посетено на December 17, 2019.
  44. Hopewell, John; Keslassy, Elsa (August 19, 2013). „Wild Bunch, Miyazaki Re-Team on The Wind Rises“. Variety.com. Variety. Архивирано од изворникот на February 8, 2018. Посетено на August 8, 2014.
  45. https://twitter.com/WildBunch/status/1304350606837067776
  46. Sperling, Nicole (May 27, 2020). „How Studio Ghibli Went From Streaming Holdout to HBO Max Star“. The New York Times (англиски). Посетено на July 3, 2020.
  47. D'Alessandro, Anthony (October 17, 2019). „HBO Max Acquires U.S. Streaming Rights To Studio Ghibli Library“. Deadline (англиски). Посетено на January 7, 2020.
  48. Tartaglione, Nancy (February 1, 2020). „Netflix To Add 21 Animated Films From Japan's Legendary Studio Ghibli“. Chaospin (англиски). Посетено на June 15, 2020.
  49. Shankar, Bradly (June 22, 2020). „Netflix Canada to stream 21 Studio Ghibli movies starting on June 25“. MobileSyrup. Посетено на June 22, 2020.
  50. „Animerica“. Animerica : Anime & Manga Monthly. Viz Media. 1 (4): 18. June 1993. ISSN 1067-0831.
  51. Loo, Egan (April 28, 2009). „Central Park Media Files for Chapter 7 Bankruptcy“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на July 4, 2018. Посетено на July 3, 2018.
  52. Loo, Egan (May 5, 2009). „ADV Adds Grave of the Fireflies, Now and Then, Here and There“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на November 29, 2012. Посетено на November 24, 2012.
  53. Loo, Egan (September 1, 2009). „ADV Films Shuts Down, Transfers Assets to Other Companies“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на October 3, 2009. Посетено на January 25, 2010.
  54. Martin, Theron (March 5, 2012). „Review: Grave of the Fireflies: DVD – Remastered Edition“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на November 7, 2012. Посетено на November 22, 2012.
  55. „Sentai Filmworks Adds Grave of the Fireflies“. Anime News Network. December 1, 2011. Архивирано од изворникот на December 2, 2011. Посетено на December 1, 2011.
  56. „Grave of the Fireflies [Blu-ray] (2012)“. Посетено на November 22, 2012.
  57. Osmond, Andrew (June 29, 2013). „Kiki's Delivery Service and Grave of the Fireflies Double Play Released Monday (Updated)“. Anime News Network. Архивирано од изворникот на February 4, 2015. Посетено на December 27, 2014.
  58. „Castle in the Sky (1989)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на August 23, 2015. Посетено на July 5, 2016. [1989 was the year of the film's U.S. release.]
  59. „Grave of the Fireflies (Hotaru no haka) (1988)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на May 25, 2016. Посетено на July 17, 2020.
  60. „My Neighbor Totoro (1988)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Архивирано од изворникот на August 17, 2015. Посетено на December 27, 2015.
  61. „Kiki's Delivery Service (1989)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Архивирано од изворникот на August 20, 2015. Посетено на July 17, 2020.
  62. „Only Yesterday (1991)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на March 31, 2016. Посетено на July 5, 2016.
  63. „Porco Rosso (Kurenai no buta) (1992)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Архивирано од изворникот на August 17, 2015. Посетено на December 27, 2015.
  64. „Ocean Waves (Umi ga kikoeru) (2016)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Посетено на December 26, 2019.[2016 was the year of the film's U.S. release.]
  65. „Pom Poko (Heisei tanuki gassen pompoko) (The Raccoon War) (1994)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Архивирано од изворникот на August 20, 2015. Посетено на December 27, 2015.
  66. „Whisper of the Heart (Mimi wo sumaseba) (If You Listen Closely) (2006)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на July 29, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2006 was the year of the film's U.S. TV & DVD release.]
  67. „Princess Mononoke (Mononoke-hime) (1999)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на June 25, 2015. Посетено на July 5, 2016. [1999 was the year of the film's U.S. release.]
  68. „My Neighbors the Yamadas (1999)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Архивирано од изворникот на August 20, 2015. Посетено на December 27, 2015.
  69. „Spirited Away (2002)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Архивирано од изворникот на June 19, 2015. Посетено на December 27, 2015.[2002 was the year of the film's U.S. release.]
  70. „The Cat Returns (2002)“. Rotten Tomatoes. Flixster. Архивирано од изворникот на June 24, 2015. Посетено на December 27, 2015.
  71. „Howl's Moving Castle (2005)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на June 25, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2005 was the year of the film's U.S. release.]
  72. „Gedo senki (Tales from Earthsea) (2010)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на August 13, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2010 was the year of the film's U.S. release.]
  73. „Ponyo (2009)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на July 4, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2009 was the year of the film's U.S. release.]
  74. „The Secret World of Arrietty (2012)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на July 8, 2015. Посетено на July 5, 2016. [The film was released in the U.S. under this title in 2012.]
  75. „From Up On Poppy Hill (2013)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на June 22, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2013 was the year of the film's U.S. release.]
  76. „The Wind Rises (2014)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на August 17, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2014 was the year of the film's U.S. release.]
  77. „The Tale of the Princess Kaguya (2014)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на July 8, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2014 was the year of the film's U.S. release.]
  78. „When Marnie Was There (2015)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. Архивирано од изворникот на July 11, 2015. Посетено на July 5, 2016. [2015 was the year of the film's U.S. release.]
  79. „The Red Turtle: Studio Ghibli's first film directed by a non-Japanese director is crushingly beautiful and relevant“. The Guardian.
  80. „The Red Turtle (2017)“. Rotten Tomatoes. Fandango Media. [2017 was the year of the film's U.S. release.]
  81. „Studio Ghibli is getting ready for Hayao Miyazaki's next (and probably last) film“. The A.V. Club. Архивирано од изворникот на February 13, 2018. Посетено на February 13, 2018.
  82. „Details Revealed on Hayao Miyazaki's New Anime Film How Do You Live?. Архивирано од изворникот на February 27, 2019. Посетено на February 13, 2018.
  83. „Ghibli's Hayao Miyazaki Reveals His 'Final' Film's Title, Release Window“. Anime News Network. October 28, 2017. Архивирано од изворникот на February 24, 2018. Посетено на June 10, 2018.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Cavallaro, Dani. The Animé Art of Hayao Miyazaki. Jefferson, NC: McFarland & Company, 2006. ISBN 978-0-7864-2369-9. OCLC 62430842.
  • McCarthy, Helen. Hayao Miyazaki: Master of Japanese Animation: Films, Themes, Artistry. Berkeley, Calif.: Stone Bridge Press, 1999. ISBN 978-1-880656-41-9. OCLC 42296779. 2001 reprint of the 1999 text, with revisions: OCLC 51198297.
  • Miyazaki, Hayao. Starting Point: 1979–1996. Beth Cary and Frederik L. Schodt, trans. San Francisco: VIZ Media, 2009. ISBN 978-1-4215-0594-7. OCLC 290477195.
    • Miyazaki, Hayao. Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value). Tokyo: Studio Ghibli, Inc./Hatsubai Tokuma Shoten, 1996. ISBN 978-4-19-860541-4. OCLC 37636025. Original Japanese edition.
  • Miyazaki, Hayao. Turning Point: 1997–2008. Beth Cary and Frederik L. Schodt, trans. San Francisco: VIZ Media, 2014. ISBN 9781421560908. OCLC 854945352.
    • Miyazaki, Hayao. Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value). Tokyo: Iwanami Shoten, 2008. ISBN 9784000223942. OCLC 237177737. Original Japanese edition.
  • Odell, Colin, and Michelle Le Blanc. Studio Ghibli: The Films of Hayao Miyazaki and Isao Takahata. Harpenden, Hertfordshire, England: Kamera, 2009. ISBN 978-1-84243-279-2. OCLC 299246656.

Документарни филмови[уреди | уреди извор]

  • Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value). 1998 г. документарен филм, Nippon TV, 28 мин.
  • Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 15: attempt to index field 'lang_name_table' (a nil value). 2013 г. документарен филм од Мами Сунада, 118 мин.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]