Студена војна (филм од 2018)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Студена војна (полски: Zimna wojna) - полски филм од 2018 година, во режија на Павел Павликовски (Pawel Pawlikowski), кој е коавтор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Јоана Кулиг, Томаш Кот и Борис Шиц. Во 2018 година, филмот бил номиниран за „Златната палма“, а Павликовски ја освоил наградата за најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал. Истата година, на Европските филмски награди, филмот освоил четири награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм. Следната година, филмот бил номиниран за „Оскар“ во три категории и за „БАФТА“ во четири категории. Вкупно, филмот освоил 34 награди, а имал уште 102 номинации.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Полска, по Втората светска војна. Виктор (го игра Кот) е музичар и композитор кој е во потрага по пејачи и танчери кои го познаваат народното творештво. Тој собира група момци и девојки и формира ансамбл, кој постепено станува популарен и почнува да настапува и во странство. Уште при аудицијата, Виктор ја забележува пејачката Зула (ја игра Кулиг) и меѓу нив се раѓа голема љубов. За време на гостувањето во Берлин, Виктор пребегува во секторот што го контролираат западните сили, но Зула не му се придружува. Потоа, тој живее и работи во Париз, каде по неколку години има кратка средба со Зула. Повторно минуваат неколку години и Зула пристигнува во Париз, каде останува да живее со Виктор. Тој се обидува да направи музичка кариера, па дури успева да сними еден албум со Зула, но таа не е задоволна со таквиот начин на живот и се враќа во Полска. Воден од големата љубов кон неа, Виктор тајно се враќа во Полска, каде веднаш е затворен. Сепак, Зула му помага да излезе од затворот. По еден концерт, таа и Виктор одат во една разурната црква, каде самите си прават венчавка и испиваат повеќе апчиња со цел засекогаш да останат заедно.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]