Струмичка артилериска бригада „Гоце Делчев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Струмичка артилериска бригада „Гоце Делчев“
Активна8 октомври 1944
ЗемјаМакедонија
Видартилерија
Големина~ 350 борци
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Струмичка артилериска бригада „Гоце Делчев“ — бригада на НОБ во Македонија.[1]

Историјат[уреди | уреди извор]

Артилериската бригада „Гоце Делчев“ била основана на 8 октомври 1944 година и истата била формирана од артилерци на сите единици на 50 македонска дивизија. Бригадата ја формирал поручник Андреја Русјаковски.[1] Командант на бригадата бил поручник Андреја Русјаковски, а капетан бил Иван Штериев. Политички комесар на бригадата бил Боро Камберовски, а негов помошник бил Боро Арсовски. [1]

Првично, бригадата била составена од две батерии од по 25 борци и немало артилериско оружје. Понатака, се приклучиле делови од бригадата „Гоце Делчев“ со целосен боречки и раководен кадар, заедно со оружје. Поради приливот на луѓе и оружје, бригадата била реформирана и составена од 2 батерии, прва и втора. Истите биле вооружени со 3 ридски и 4 противтенковски топа и имала околу 350 борци. Бригадата била дел од 50 македонска дивизија. [1]

Веднаш по формирањето, бригадата била поделена на два дела. Едниот дел бил под раководство на капетан Сапунџиев и заминале кон правецот Делчево-Штип-Кочани а другиот кон Берово-Струмица-Криволак, која пак била предводена од Александар Минчевски. По декември 1944 година, бригадата била префрлена во Скопје каде се споила со Првата македонска артилериска бригада. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 158-159

Поврзано[уреди | уреди извор]