Струмица (река)
| Струмица Струмешница Стара Река | |
|---|---|
Поглед на реката кај Самуиловата тврдина кај селото Клуч | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Држава | |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Плачковица со спој на Радовишка и Ораовичка Река |
| • надм. вис. | 1.540 м. |
| Устие | Струма |
• место | кај Митино, Бугарија |
• координати | 41°26′42.4″N 23°16′39″E / 41.445111°N 23.27750°E |
| Должина | 114 км |
| Големина на сливот | 1.535 км2 |
| Особености на сливот | |
| Течение | Струма→ Егејско Море |
| Притоки | |
| • леви | Нивичанска Река и Плавија |
| • десни | Водочница |
Струмица (позната и под имињата: Струмешница или Стара Река) — река која се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија и потоа со своето корито навлегува во Бугарија каде се влева како десна притока на реката Струма.[1]
Должината на реката е 114 километри, од кои 81 на територијата на Македонија и 33 на територијата на Бугарија. Оваа река претставува и најголемата притока на Струма.
Течение
[уреди | уреди извор]
Струмица е десна притока на реката Струма, и има должината од 114 километри, од кои 81 км од нејзиното течение се во Македонија, а 33 во Бугарија, иако според некои извори должината во Македонија изнесува 75,5 километри.[1]
Вкупната површина на сливот изнесува 1.535 км2, со просечен пад од 18‰. Реката ги одводнува јужните падини на планините Плачковица и Огражден, североисточните падини на планината Смрдеш и северните делови на планината Беласица, како и Радовишкото и Струмичкото Поле и југозападниот дел на Петричко-санданската Котлина.
Извориштето се наоѓа на планината Плачковица и всушност го чинат најгорните делови на реките Радовишка и Ораовичка. Главниот извор е на кота 1.540 метри. Овие две реки се соединуваат во Радовишкото Поле, создавајќи водотек кој пред влезот во Струмичкото Поле го носи името Стара Река. Преку кратката Дервенска Клисура влегува во Струмичкото Поле, каде се именува како Струмица.[1]
Во Струмичкото Поле покрај бројните поројни водотеци од планините Огражден и Беласица, ги прима и поголемите свои притоки: Нивичанска Река и Плавија од левата и Водочница од десната страна. Во минатото, поради големиот депониран нанос од пороите реката создавала мочуришни подрачја, како што е Моноспитовското Блато.[1]
По граничниот премин Ново Село навлегува во бугарска територија откако тече во широка и плитка долина со многу меандри. Минува на околу 2 километри северно од градот Петрич и се влева од десно во реката Струма, на 93 метри надморска височина, на 2 километри североисточно од селото Митино. Речиси по целиот тек во Струмичкото поле во Македонија и Петричкото поле во Бугарија коритото и е коригирано со насипи за заштита на вода.
Границите на сливното подрачје се следните:
- на југозапад, запад, север и североисток – со сливот на реката Вардар, која се влева во Егејско Море;
- на север – со сливовите на реките Лебница и Рибник, десни притоки на Струма;
- на југ – со сливните подрачја на малите десни притоки на реката Струма, кои течат јужно од планината Беласица.
По течението на реката таа минува низ 12 населени места, од кои во Македонија – 9 населени места, 1 град и 8 села, а во Бугарија – 3 села.
Притоки
[уреди | уреди извор]Притоки: → лева притока, ← десна притока
|
Во Македонија:
|
Во Бугарија
|
Риби во реката
[уреди | уреди извор]Во реката живеат следниве видови риби: лин, кефал, мрена, скобар, штука и други.
Значење
[уреди | уреди извор]Реката Струмица е од непроценливо значење за земјоделството во Радовишкото, Струмичкото и Петричкото поле, бидејќи поголемиот дел од водите на реката се користат за наводнување во жешките летни месеци.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Мост на реката кај Зубово
- Поглед на реката кај Зубово
- Поглед на реката кај Зубово
- Мост на реката кај Ново Коњарево
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Струмица — истоимен град во Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 69. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Струмица (река) на Ризницата ?
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
