Структурата на моќта во Битола
Автор | Пеце Цветановски |
---|---|
Земја | ![]() |
Јазик | македонски |
Жанр | социјален |
Издавач | Издавачка куќа „Восток“ |
Издадена | 2024 |
Медиум | печатено издание |
Структурата на моќта во Битола – книга за моќта како општествена појава и моќниците во Битола напишана од Пеце Цветановски. Книгата била издадена во 2024 година, од издавачката куќа „Восток“ од Битола.[1][2]
Опис
[уреди | уреди извор]Книгата се состои во три дела, од кои првиот е посветен на современите истражувања и значења на поимот моќ во областите на филозофијата, социологијата, политикологијата и економската наука и е наменет пред сè за студентите на општествените науки.
Вториот дел на книгата е разработка на репутацискиот модел во истражувањето на донесувањето на одлуки во месна заедница, истражување какво што во Атланта, Џорџија (САД) во 50-тите години од 20 век спровел американскиот социолог Флојд Хантер. Во Битола како месна заедница, за разлика од Атланта, политиката сè уште преовладува во сферата на одлучувањето, со тенденција економските моќници полека да се осамостојуваат во однос на политичките партии. Тоа е суштински различно од она што се случувало во Атланта, каде преовладувале економските моќници, а политичарите во најголем дел ги застапувале и остварувале нивните интереси.[2]
Во третиот дел, даден е преглед нa моќните поединци во Битола, определени со методолошката постапка репутациски метод. Поширокиот список со 159 градски моќници е сведен на 40, односно на 44 најчесто посочувани моќници во градот. Токму овј список на најмоќни битолчани е прилично хомогена. Односно дури 33 (27 + 3 + 3) од нив се од приватниот, т.е. стопанскиот сектор додека само 7 (4+3) од јавниот сектор, а меѓу овие 7 тројца се вклучени во списокот на најмоќни не толку поради нивните функции во јавниот сектор колку поради тоа што на својата глава носат истовремено и капа на приватни бизнисмени. Значи реално само четворица меѓу 40-те најмоќни битолчани се од јавниот сектор – конкретно политичкиот сектор. Во оваа категорија нема лица од областите образование, спорт, култура, уметност и естрада. Значи, битолската моќничка елита е составена од неколкумина политичари и многумина стопанственици и тоа главно од областите трговија, угостителство и градежништво.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Книга за моќта и моќните во Битола на Пеце Цветановски“. Битола њуз. 28.02.2024. Посетено на 10 февруари 2025. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 „Проф. д-р Ило Трајковски за книгата на „Структурата на моќта во Битола" или за за моќта и моќните во Битола на д-р Пеце Цветановски“. Битола њуз. 21.03.2024. Посетено на 10 февруари 2025. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)