Стромболијанска ерупција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дијаграм на стромболијанска ерупција: 1: облак од пепел, 2: лапили, 3: падната вулкански пепел, 4: лавинска фонтана, 5: вулканска бомба, 6: лавински тек, 7: слој на лава и пепел, 8: стратум, 9: дага, 10: магматски канал, 11: магматска комора, 12: сил

Стромболијанските ерупции се вид на вулканска активност која произведува чести, умерени ерупции. Лавата е базалтична, но доволно вискозна за гасови да создадат притисок кој се ослободува во континуирани мали експлозии. Лавата, исфрлена во воздухот, паѓа назад за да се изгради стрмен конус од лава и тефра.[1]

Ерупциите се релативно благо експлозивни, со вулкански експлозивен индекс од 2 до 3. Тие се именувани според италијанскиот вулкан Стромболи, кој е епоним за видот. Стромболијанските ерупции се состојат од исфрлање на светликав циндер, скорија, лапили и лавински бомби, на височина од десетици до неколку стотици метри. Ерупциите според обем се мали до средни, со спорадична силина.[2]

Стромболијанска ерупција

Италијанскиот вулканолог Џузепе Меркали ги проучувал ерупциите на Стромболи и Вулкано во 1888-1890 година и утврдил дека карактеристиките на ерупциите се различни помеѓу двата вулкана. За да се направи разлика меѓу нив, Меркали ја дефинирал стромболијанската ерупција како "благо експлозивна во дискретни но прилично редовни интервали во секунди или минути".[се бара извор]

Тефрата обично свети црвено кога го напушта отворот, но на површина се изладува и добива темна до црна боја и може значително да се зацврсти пред ударот. Тефрата се акумулира во близина на отворот, формирајќи циндерски конус. Циндерот е најчестиот производ. Исфрлањето вулканска пепел обично е доста незначително.

Лавинските текови се повискозни, па затоа се пократки и подебели, од оние соодветни на хавајските ерупции. Тоа може или не мора да биде придружено со производство на пирокластична карпа. Овие ерупции се особено спектакуларни во текот на ноќта, кога лавата сјае светло.

Наместо тоа, гасот се спојува во меури, наречени гасни шлемови, кои растат доволно големи за да се издигнат низ магматскиот столб, пукајќи во близина на врвот поради намалениот притисок на воздухот и исфрлајќи магма во воздухот.[3] Секоја епизода на тој начин ослободува вулкански гасови, понекогаш во растојание од само неколку минути. Гасните шлемови можат да се формираат длабоко и до 3 километри, што ги прави тешко предвидливи.[4]

Моногенетичките конуси обично еруптираат во стромболијански стил. Стромболијанската еруптивна активност може да биде многу долготрајна. Примери за стромболијански тип на ерупции се вулканот Парикутин бил во континуирана ерупција помеѓу 1943-1952, Еребус на Антарктикот кој произведувал стромболијански ерупции кои траеле со децении[5]

Самиот вулкан Стромболи предизвикува такви ерупции веќе повеќе од две илјади години а Римјаните го нарекувале "Светилник на Медитеранот".

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]