Строматолит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фосилен строматолит

Строматолит (од старогрчки: στρῶμα — „легло, слој“ и λίθος — „камен“) — слоевити варовнички обликувања од насобрани наслаги на микроорганизми, најчесто вклучувајќи цијанобактерии. Строежите добиваат разновидни неправилни облици — конусовидни, куполовидни, колонообразни, често разгранети. Фините слоеви одговараат на цикличното животно дејствување на организмите што ги градат. Најстарите строматолити се пронајдени од пред околу 3,5 милијарди години во карпите Варавуна (Warrawoona) во Западна Австралија и ги претставуваат најстарите заобиколни фосили. Строматолитските збирови на микроорганизми биле најзастапени во доцниот археј и раниот протерозоик.[1] Денес, таквите обликувања се ретки и најчесто се наоѓаат во многу солени водни тела како што е Заливот на Ајкулите во Западна Австралија, каде што водата е премногу солена за тревопасни животни и затоа заедниците на алгите напредуваат.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cowen, Richard (2013). History of Life. Wiley-Blackwell. стр. 23-25. ISBN 978-0470671726.
  2. Cowen, Richard (2013). History of Life. Wiley-Blackwell. стр. 23-25. ISBN 978-0470671726.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]