Строкир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избув на Строкир во 2006 г.
Строкир во мирување.

Строкир (исландски: Strokkur) — гејзер во геотермалното подрачје крај реката Квитау во југозападен Исланд, источно од градот Рејкјавик.[1] Се вбројува меѓу најпознатите гејзери во Исланд и избива на секои 6–10 минути.[2] Водоскокот обично е висок 15-20 м, а напати знае да достигне 40 м.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Строкир во рамките на Исланд
Рејкјавик
Строкир
Строкир и градот Рејкјавик во рамките на Исланд.

Гејзерот е сместен во долината Хејкадалир, кој изобилува со други геотермални појави како кални вирови, фумароли, но и други гејзери, од кои се издвојува познатиот Гејсир, по кој е наречена оваа појава.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Строкир за првпат се споменува во 1789 г. кога се случил земјотрес што го одзатнал проводот на гејзерот. Во текот на XIX век избивал колебливо; во 1815 г. достигал висина дури до 60 м. Продолжил да избива сè до почетокот на XX век, кога се случил друг земјотрес кој повторно го затнал проводот. Во 1963 г. е решено проводот да се прокопа со цел конечно да се одзатне, со што гејзерот продолжил редовно да избива до денес.[3]

Туризам[уреди | уреди извор]

Гејзерот и околинаата редовно привлекува посетители бидејќи претставува еден од малкуте гејзери што избиваат често и навремено.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 360. ISBN 0-89577-087-3.
  2. 2,0 2,1 „Strokkur and Geysir“. 2014-02-09. Архивирано од изворникот на 2012-09-13. Посетено на 2017-09-16.
  3. 3,0 3,1 Luhr, James F. (2003). Earth. Doring Kindersly. стр. 205. ISBN 1-4053-0018-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 64°18′47″N 20°18′2″W / 64.31306° СГШ; 20.30056° ЗГД / 64.31306; -20.30056