Стрејт Еџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стрејт еџ)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стрејт Еџ тетоважа

Стрејт Еџ (на англиски: Straight Edge, скратено sXe, некогаш се користи и XXX и X) — поткултура на хардкор панкот чии приврзаници се воздржуваат од употреба на алкохол, цигари и дрога. За некои, културата може да се прошири и кон воздржување од промискуитет, следење на веганска или вегетеријанска диета или избегнување на кофеин. Самиот термин за прв пат е употребен во 1981 година од американскиот хардкор панк бенд Мајнор трет во истоимената песна Стрејт Еџ.