Стрес кај негувател

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Синдром на негувател или стрес кај негувател — состојба која е пропратена со исцрпеност, лутина,бес или вина како резултат од постојано, долготрајно грижење за лице кое заради хронична болест е зависно од други.[1] Овој термин се користи од здравствените работници, но не е официјално заведен во Прирачникот за Дијагностика и Статистика за Ментални Нарушувања. Во Америка околу 66 милиони луѓе се грижат за други зависни од нив кои се болни, стари и/или инвалидизирани,во просек по 39.2 часа неделно. Над 13 милиони се грижат воедно и за сопствените деца.Овој синдром е акутен доколку негуваната индивидуа има потешкотии во однесувањето, како што се: фекална инконтиненција, проблеми со меморија, проблеми со спиењето, заталкување, и агресија. Типични симптоми на кои се појавуваат кај негувателот вклучуваат: замор, несоница, проблемми со желудник, и така натаму, а најчестиот е депресија. Грубо оценето, околу 70 проценти искусуваат симптоми на депресија.Здравствените работници го именувале како синдром на негувател, или негувателски умор, заради постоењето на влошување на физичкото и менталното здравје кај овие лица .[2]

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Оние кои пружаат нега на пријател или член на семејството кој има долготрајна болест или состојба, подложни се на хроничен стрес, а негувателството може да има и ефект врз имунолошкиот систем. Постојат индиции дека негувателите кои се грижат за пациенти со Алцхајмер се подепримирани и покажуваат пониски знаци на задоволство со животот во однос на контролните примероци. Негуватели, исто така, покажале повисоки. Негувателите имаа повисок титрат на антитела од ЕБВ и пониски проценти на Т клетки и Т – помагачки клетки[3] како и непосакувани ефекти врз заздравувањето на рани. [4]

Во симптомите спаѓаат депресија, анксиозност и надразнетост (лутина). Хроничниот стрес може да доведе до висок крвен притисок, шеќерна болест, и компромитиран имунолошки систем. Ваквите влијанија може да го намалат животниот век на негувателот.[5]

При тешки случаи на Алцхајмер, негувателите може да ги попримат симптомите на пациентите кои ги негуваат, како прогресивно губење на памтењето. Синдромот на негувателски умор може да се јави кај лица од сите возрасни групи. На пример, постарите негуватели може да имаат за 63 проценти повисок ризик за смртност од нивните врсници кои не се грижат за други. Овој тренд може да биде предизвикан од покачените нивоа на стрес хормонот кои кружат низ телото, слично како кај лица со пострауматски стрес синдром (PTSD). Со оглед на тоа што, негувателите мора да бидат преокупирани со нивните улоги, дење и ноќе,често го занемаруваат своето здравје. Искусуваат високи нивоа на стрес, но и тага бидејќи го посведочуваат опаѓањето на здравјето на сакана личност. Нивната улога се менува од улога на партнерство (мајка/ќерка, мајка/син итн) во улога на негувател и пациент, па често за да се справат, негувателите се обраќаат и на онлајн форуми за поддршка. Некои луѓе имаат голем проблем при промената на улогата, па искусуваат надразнетост (лутина), огорченост и вина. Во таква состојба, тешко е да се дава квалитетна нега.[6]

Здравјето на негувателите може да се следи на различни начини.[7] Постојат тестови за мерење на нивоата на стрес.[8]

Негувателите се изложени на ризик за негативни ефекти над здравјето и заради емоционалната вознемиренoст.[9] Дури и кога повеќе не се грижат за друго лице, овие стресори може да имаат долготрајни ефекти заради промените во имунитетот[10]

Земајќи во предвид дека туѓата нега може еродирачки да влијае врз здравјето на негувателот, [11][12] Земајќи во предвид дека туѓата нега може еродирачки да влијае врз здравјето на негувателот, бројни студии сенаправени за да ги проценат ризиците со кои може дасе соочи при вршење на должностите, како ефектот врз имунолошкото[13][14] ендокринолошкото функционирање,[15] ризикот за депресија,[16] лошиот квалитет на сон,[17] долгорочни промени во стрес одговори,[18] кардиоваскуларни заболувања,[19] зголемен ризик од заразни болести, па дури и смрт.[20][21] Незадоволството и огорченоста од пациентот може да се пренесе во депресија и вознемиреност кај негувателот.[22] кои пак можат да се манифестираат врз неговото здравјето.[23]

Причини[уреди | уреди извор]

Синдромот на стрес кај негувателот е предизвикан од преоптеретувачката обврска за грижа за инвалидизирано или хронично болно лице.Причина за стресот се зголемените нивоа на стрес хормонот во текот на подолг период на време. Негувателите се јадосуваат заради опаѓачкото здравје на сакана личност, што доведува до состојба на депресија и исцрпеност, пришто им се влошува емоционалното и ментално здравје. Негувателите со двојна обврска, оние кои имаат здравствена професија и воедно се грижат за некого дома. Преоптовареноста и постојаната улога на давање нега, доведува до зголемено влошување на физичкото и менталното здравје. Се мисли дека и дел од стресот кој го доживуваат негувателите е и односот кој го имаат кон нивната работа. Со други зборови, ако негувателот не сака да биде негувател, тогаш си предизвикува поголем стрес кога ја прифаќа таа улога.[24]

Спорни прашања во здравството[уреди | уреди извор]

Во САД[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа што терминот Синдром на негувател, е широко користен помеѓу лекарите, но не е спомнат во Прирачникот за Дијагностика и Статистика за Ментални Нарушувања, ниту во медицинската литература, лекарите не знаат како да се постават кон прашањата и проблемите кои произлегуваат од овој синдром. Оттука,често и не му се обраќа внимание. При анкета на Американската Академија на семејни лекари, откриено е дека помалку од 50% од лицата кои пружаат нега биле прашани од нивните лекари дали доживуваат стрес како негуватели. Доколку овој синдром е наведен со официјална дијагноза во Прирачникот за Дијагностика и Статистика за Ментални Нарушувања, потенцијално може да доведе до стигматизација на оние кои го имаат. Но, сепак многумина веруваат дека е подобро да добие клиничко име, за да можат негувателите кои страдаат од истиот да ја добијат потребната помош. Ова би можело да ги потикне здравствените работници подобри стратегии за третман на Синдромот на Негувател, како и да ги принуди осигурителните компании да го покриваат со осигурување соодветниот третманот. Некои начини кои би можеле да ја подобрат состојбата од овој синдром, предложени од експерти, ги вклучуваат следните предлози: 

  • Проширување на системот за поддршка за негувателите 
  • Пронаѓање на помош од неколку извори за негувателот при извршување на неговите задачи
  • Едукација на негувателите
  • Давање плата на негувателите слична или еднаква на здравствените работници во слична област, со што би ѝм се овозможило да се пензионираат од платена работа за компании кои немаат свесно или несвнесно немаат сочуство кон нивните негувателски обврски 
  • Поттикнување на раст на понудата за работа од далечина, така што ќе можат да работат од дома, а истовремено грижејќи се за лицето на кое му пружаат нега 
  • Да се пружаат услуги за нивна оддишка по потреба 
  • Услуги за психијатриско советување и менаџирање со стрес
  • Собирање на податоци за тоа колку всушност здравствениот систем заштедува со тоа што самите се ангажирале тие да бидат негуватели 

Применети политики[уреди | уреди извор]

Во Бугарија[уреди | уреди извор]

За давањето на неформална нега, од 2009 година се најмуваат невработените членови на семејстовото, кои треба да исполнуваат одредени услови и да поминат краток тренинг, за што се добива минимална исплата. [25]

Во Македонија[уреди | уреди извор]

Согласно квалитативното истражување на Институтот за Европска политика Скопје во периодот од 2014-2016, заради недостиг на други статистички податоци и квантитативни истражувања, се заклучило дека столбот на долготрајна нега го сочинуваат неформалните негувачи. Се смета дека е како резултат на законската одговорност која паѓа на семејството, но многу повеќе е резултат на недостигот или ограничениот пристап на квалитетни услуги и сервиси. [26] Сепак, нивната значајност во системот на долготрајна нега не добива должно внимание и не е препознаена од властите, освен со многу мал паричен надоместок за туѓа нега кој всушност му се признава на лицето кое ја прима негата.[25] Дополнително, негувателите и посебно негувателките се соочуваат со голем број на предизвици, како бариери за учество на пазарот на труд, занемарување на сопствените здравствени потреби, намалено учество во општествениот живот, сиромаштија, прилагодување на живеалиштето на сопствен трошок итн. [27]

Во Словенија[уреди | уреди извор]

Таканаречените "семејни помагачи и помагачки" кои даваат непрофесионална нега се платени со надомест за загубена заработувачка и се вклучени во шемите за здравствено и пензиско осигурување.[28]

Во Хрватска[уреди | уреди извор]

Постои посебен статус на родителот или близок роднина кој ќе се грижи за лицето. За тоа добиваат паричен надоместок, платено пензиско и здравствено осигурување и годишен одмор до 4 недели.[29]

Превенција[уреди | уреди извор]

Ефективни стратегии за справување, како што се спиење, вежбање и релаксација. [30] Негувателите покажуваат подобри резултати кога тие имаат активни вештини за справување,[31] како што се:

Предности од  негување[уреди | уреди извор]

Негувателството всушност може да обезбеди здравствени предности за некои негуватели, како повисоки физички перформанси во споредба со лица кои не пружале туѓа нега. Во однос на негуватели кои немале преголем интензитет на обврски или лица кои не пружале воопшто туѓа нега, негувателите покажале дека помалку им опаѓа способноста за одење, јачина на стисок, брзина со која стануваат од седење. Негувателите, исто така, се покажале значително подобро на мемориската задачи во текот на 2-годишна временска рамка. Покажале резултати на ниво на некој 10 години помлад од нив, иако и двете групи (снегувателите наспроти не-негуватели) биле во нивните осумдесетти години.[32]

Иако улогата на негувател има висока цена, таа носи и големи бенефити, а тие се емоционални, психолошки и спиритуални, како:

  • Пораст на довербата во сопствените способности
  • Чувство на лична сатисфакција
  • Зголемена семејна блискост

Жените кои стануваат негувателки се доволно здрави за да ги преземат задачите за да пружаат туѓа нега, па затоа тоа прави смисла дека тие ќе бидат посилни од нивните врснички не-негувателки и ќе останат посилни од нив. Негувањето предизвикува старателите да се движат многу, и да останат на своите нозе. Затоа, вежбањето може да го подобри и физичкото здравје и спознанието. Комплексното размилслување што се бара од страна на негувателите може да ги заштити од когнитивни пад. Ова вклучува активности како што се:

  • Мониторинг на лекови
  • Распоредување на обврски
  • Финансиски обврски

Друга корист спомената од страна на негувателите се дека тоа ѝм дава значење во животот и создава чувство на гордост заради нивниот успех како негувател. Тие се, исто така, во позиција кога можат да му вратат на некого со добро. Забележано е дека психолошкото давање признание на корист може да биде важен начин за справување со стрес.[33] 

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Замор од сочувство

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Christine Anne Piesyk (2009-08-23). „Caregiver Syndrome: Reality for many caregivers dealing with Dementia“. Clarksvilleonline.com. конс. 2009-11-05. 
  2. „Caregiver Stress Syndrome: Let's Start Talking About it“. Midnight Sun Homecare Inc. конс. 2013-03-07. 
  3. Esterling, B. A.; Kiecolt-Glaser, J. K.; Glaser, R. (мај 1996 г). Psychosocial modulation for cytokine-induced natural killer cell activity in older adults. 58. ст. 264–272. doi:10.1097/00006842-199605000-00010. PMID 8771626. http://pni.osumc.edu/KG%20Publications%20(pdf)/101.pdf. 
  4. Kiecolt-Glaser, J. K.; Marucha, P. T.; Malarkey, W. B.; Mercado, A. M.; Glaser, R. (ноември 1995 г). Slowing of wound healing by psychological stress. 346. ст. 1194–1196. doi:10.1016/S0140-6736(95)92899-5. PMID 7475659. 
  5. Schulz, Richard; Beach, Scott R.. Caregiving as a Risk Factor for Mortality. „JAMA“ том  282 (23): 2215. doi:10.1001/jama.282.23.2215. ISSN 0098-7484. 
  6. LeRoy, Andree. „Exhaustion, anger of caregiving get a name“, „Health“, CNN, 13 август 2013.
  7. George, L. K.; Gwyther, L. P.. Caregiver Well-Being: A Multidimensional Examination of Family Caregivers of Demented Adults. „The Gerontologist“ том  26 (3): 253–259. doi:10.1093/geront/26.3.253. ISSN 0016-9013. 
  8. Robinson, B. C.. Validation of a Caregiver Strain Index. „Journal of Gerontology“ том  38 (3): 344–348. doi:10.1093/geronj/38.3.344. ISSN 0022-1422. 
  9. Scalan, J.M.; Vitaliano, P.P.; Zhang, J.; Savage, M.; Ochs, H. D. (декември 2001 г). Lymphocyte proliferation is associated with gender, caregiving, and psychosocial variables in older adults. 24. ст. 537–559. doi:10.1023/A:1012987226388. PMID 11778349. 
  10. Esterling, B. A.; Kiecolt-Glaser, J. K.; Bodnar, J. C.; Glaser, R. (јули 1994 г). Chronic stress, social support, and persistent alterations in the natural killer cell response to cytokines in older adults. 13. ст. 291–298. doi:10.1037/0278-6133.13.4.291. PMID 7957007. https://interferon.osumc.edu/KG%20Publications%20(pdf)/083.pdf. 
  11. Gallagher, S.; Phillips, A. C.; Drayson, M. T.; Carroll, D. (2009 г). Caregiving for children with developmental disabilities is associated with a poor antibody response to influenza vaccination. 71. ст. 341–344. doi:10.1097/PSY.0b013e31819d1910. PMID 19297308. 
  12. von Kaenel, R.; Dimsdale, J. E.; Patternson, T. L.; Grant, I. (август 2003 г). Acute pro-coagulant stress response as a dynamic measure of allostatic load in Alzheimer's Caregivers. 26. ст. 42–48. doi:10.1207/S15324796ABM2601_06. PMID 12867353. 
  13. Li, J.; Cowden, L. G.; King, J. D.; Briles, D. A.; Schroeder, H. W.; Stevens, A. B.; Perry, R. T.; Chen, Z.; и др. (July–August 2007 г). Effects of chronic stress and interleukin-10 gene polymorphism on antibody response to tetanus vaccine in family caregivers of patients with Alzheimer's Disease. 69. ст. 551–559. doi:10.1097/PSY.0b013e3180cc2c61. PMID 17634568. 
  14. Redwine, L.; Mills, P. J.; Sada, M.; Dimsdale, J.; Patterson, T.; Grant, I. (September–October 2004 г). Differential immune cell chemotaxis responses to acute psychological stress in Alzheimer's caregivers compared to non-caregiver controls. 66. ст. 770–775. doi:10.1097/01.psy.0000138118.62018.87. PMID 15385705. 
  15. Mausbach, D. T.; Dimsdale, J. E.; Ziegler, M. G.; Mills, P. J.; Ancoli-Israel, S.; Patterson, T. L.; Grant, I. (July–August 2005 г). Depressive symptoms predict norepinephrine response to a psychological stressor task in Alzheimer's caregivers. 67. ст. 638–642. doi:10.1097/01.psy.0000173312.90148.97. PMID 16046380. 
  16. Mintzer, J. E.; Robert, M. P.; Loewenstein, D.; Gamez, E.; Millor, A.; Quinteros, R.; Flores, L.; Miller, M; и др. (август 1992 г). Daughters caregiving for Hispanic and non-Hispanic Alzheimer patients: Does ethnicity make a difference?. 28. ст. 293–303. doi:10.1007/BF00755796. PMID 1643838. 
  17. Brummett, B. H.; Babyak, M. A.; Siegler, I. C.; Vitaliano, P. P.; Ballard, E. L.; Gwyther, L. P.; Williams, R.B. (март 2006 г). Associations among perceptions of social support, negative affect, and quality of sleep in caregivers and noncaregivers. 25. ст. 220–225. doi:10.1037/0278-6133.25.2.220. PMID 16569114. 
  18. Grant, L.; Adler, K. A.; Patterson, T. L.; Dimsdale, J. E.; Zeigler, M. G.; Irwin, M. R. (May–June 2002 г). Health consequences of Alzheimer's caregiving transitions: Effects of placement and bereavement. 64. ст. 477–486. doi:10.1097/00006842-200205000-00012. PMID 12021421. 
  19. Mausbach, B. T.; Patterson, T. L.; Rabinowitz, Y. G.; Grant, L.; Schulz, R. (септември 2007 г). Depression and distress predict time to cardiovascular disease in dementia caregivers. 26. ст. 539–544. doi:10.1037/0278-6133.26.5.539. PMID 17845105. 
  20. Brummett, B. H.; Siegler, I. C.; Rohe, W. M.; Barefoot, J. C.; Vitaliano, P. P.; Surwit, R. S.; Feinglos, M.N.; Williams, R.B. (September–October 2005 г). Neighborhood characteristics moderate effects of caregiving on glucose functioning. 67. ст. 752–758. doi:10.1097/01.psy.0000174171.24930.11. PMID 16204434. 
  21. Kim, Jung-Hyun; Knight, Bob G.; Longmire, Crystal V. Flynn (септември 2007 г). The role of familism in stress and coping processes among African America and White dementia caregivers: Effects on mental and physical health. 26. ст. 564–576. doi:10.1037/0278-6133.26.5.564. PMID 17845108. 
  22. Newsom, J. T.; Schulz, R. (март 1998 г). Caregiving from the recipient's perspective: Negative Reactions to being helped. 17. ст. 172–181. doi:10.1037/0278-6133.17.2.172. PMID 9548708. 
  23. Shewick, R. M.; Richards, J. S.; Elliot, T. R. (март 1998 г). Dynamic processes in health outcomes among caregivers of patients with spinal cord injuries. 17. ст. 125–129. doi:10.1037/0278-6133.17.2.125. PMID 9548703. 
  24. Tunajek, Sandra (October 2010). „Understanding Caregiver Stress Syndrome“ (PDF). Wellness Milestones. American Association of Nurse Anesthetists. 
  25. 25,0 25,1 Институт за Европска политика Скопје, Кој се грижи за негувателите и негувателките? Унапредување на применетите политики за неформална долготрајна нега, 2006, стр.10 [1]
  26. Институт за Европска политика Скопје, Кој се грижи за негувателите и негувателките? Унапредување на применетите политики за неформална долготрајна нега, 2006, стр.3-4
  27. Институт за Европска политика Скопје, Кој се грижи за негувателите и негувателките? Унапредување на применетите политики за неформална долготрајна нега, 2006, стр.5-7 [2]
  28. Институт за Европска политика Скопје, Кој се грижи за негувателите и негувателките? Унапредување на применетите политики за неформална долготрајна нега, 2006, стр.10 [3]
  29. Институт за Европска политика Скопје, Кој се грижи за негувателите и негувателките? Унапредување на применетите политики за неформална долготрајна нега, 2006, стр.11 [4]
  30. „Caring for Yourself“. Assurance Home Care. May 11, 2016. 
  31. Aschbacher, K.; Patterson, T. L.; von Kanel, R.; Dimsdale, J. E.; Mills, P. J.; Adler, K. A.; Ancoli-Israel, S.; Grant, I. (November–December 2005 г). Coping processes and hemostatic reactivity to acute stress in dementia caregivers. 67. ст. 964–971. doi:10.1097/01.psy.0000188458.85597.bc. PMID 16314602. 
  32. Span, Paula (October 12, 2011). „Caregiving's Hidden Benefits“. The New York Times. 
  33. Folkman, S.; Moskowitz, J. T. (јуни 2000 г). Positive affect and the other side of coping. 55. ст. 647–654. doi:10.1037/0003-066X.55.6.647. PMID 10892207.