Стреличарство на Летните олимписки игри 2004
Стреличарство на Летните олимписки игри 2004 | |
Одржувалиште | Стадион „Панатинаико“ |
---|---|
Денови | 15–21 август |
Натпреварувачи | 128 од 43 земји |
Настани | 4 (2 мажи, 2 жени) |
Стреличарство на Летните олимписки игри 2016 ![]() | ||||
---|---|---|---|---|
Список на стреличари | ||||
Поединечно | мажи | жени | ||
Екипно | мажи | жени |
Стреличарство на Летните олимписки игри 2004 година — дисциплина која се одржала на стадионот „Панатинаико“ во Атина, Грција во периодот од 12 до 21 август. Сто дваесет и осум стрелци од четириесет и три нации се натпреварувале во четирите категории - поединечни и екипни настапи за мажи и жени[1].
Стадионот, често наречен Калимармаро, е значаен како место на првите Олимписки игри. По налог на Џејмс Истон, претседател на Меѓународната федерација за стреличарство, настаните се одржале на историскиот стадион, со надеж дека неговата историја и природна убавина ќе ја привлечат јавноста кон овој спорт[2]. Лоренс Годфри, четвртопласираниот во поединечна конкуренција за мажи, забележал дека стадионот инспирира гордост, додека Американецот Вик Вундерле зборувал за повеќето од стрелците велејќи: „Голема чест и привилегија е да може да се натпреварува во Олимпискиот стадион од 1896 година.[3]“
Корејскиот тим освоил три од четирите златни медали. Четири олимписки рекорди и уште неколку светски рекорди биле срушени на овие игри, и покрај лошите временски услови за време на прелиминарните натпреварувачки рунди.
Квалификација и формат
[уреди | уреди извор]
Постоело четири начини Националните олимписки комитети (НОК) да ги квалификуваат поединечните стрелци за Олимпијадата во стреличарство. За секој пол, на нацијата домаќин (Грција) и биле загарантирани три места. Најдобрите 8 екипи во светот од 2003 година (не ја вклучувало земјата домаќин) добиле по три места, а 19-те највисоко рангирани стрелци по отстранувањето на квалификациите за екипите исто така добиле места. Петнаесет од преостанатите осумнаесет места биле поделени подеднакво меѓу петте олимписки континенти. Последните три места во секој пол биле утврдени од Трипартитната комисија. Шеесет и четири стрелци од секој пол учествувале на Олимписките игри, при што секој олимписки комитет можел да влезе со најмногу три стрелци.
За сите настани, стрелците стоеле на 70 метри растојание од нивната цел. Целта се состоела од концентрични кругови, со вкупен пречник од 122 см. Стрелците заработуваат поени врз основа на тоа во кој круг ќе ја погоди нивната стрела, со десет поени доделени за погодок во централниот круг и еден поен доделен за погодок во најоддалечениот круг. За време на рангирачките рунди, секој стрелец имал право на дванаесет стрелби или групи од по шест стрели на крај. Резултатот од тоа коло ги одредил натпреварите во елиминациските рунди, каде високо рангираните стрелци се соочиле со ниско рангираните стрелци[4].
Тринаесет машки и петнаесет женски екипи се натпреварувале во екипни натпреварувања. Екипите се состоеле од тројца стрелци на земјата од поединечниот круг, а првичниот ранг на тимот бил утврден со сумирање на резултатите на тројцата членови во поединечната рунда за рангирање. Секоја рунда на елиминации се состоела од тоа што секој тим имал по 27 стрели.
Шеста Олимпијада по ред, тимот на Јужна Кореја излегла како чист победник, освојувајќи три од четирите златни медали во Атина. Корејските стрелци поставиле нови светски рекорди во рангот на поединечно за жени (Парк Сунг-хиун) и екипно (Парк, Јун Ми-Џин и Ли Сунг-Џин) и поединечно за мажи (Лим Дон Хен), ниту еден од тие резултати не се сметал како олимписки рекорд бидејќи рангирањето се одржало пред свеченото отворање. Олимписките рекорди биле соборени и во машка и во женска комбинација.
Медали
[уреди | уреди извор]Настан | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
Мажи поединечно подробно |
Марко Галацо![]() |
Хироши Јамамото![]() |
Тим Кадихи![]() |
Мажи екипно подробно |
![]() Лим Дон Хен Чан ен Хо Парк Кен Мо |
![]() Чен Шу-јуан Лу Мин-хуан Ванг Ченг-панг |
![]() Дмитриј Грачев Виктор Рубан Александар Сердјук |
Жени поединечно подробно |
Пак Сон Хен![]() |
Ли Сон Џин![]() |
Елисон Вилијамсон![]() |
Жени екипно подробно |
![]() Ли Сон Џин Пак Сон Хен Јун Ми Џин |
![]() Хи Ин Лин Сан Чан Џуанџуан |
![]() Чен Ли-жу У Хуи-жу Јуан Шу-чи |
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]
|
|
Табела
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() | 3 | 1 | 0 | 4 |
2 | ![]() | 1 | 0 | 0 | 1 |
3 | ![]() | 0 | 1 | 1 | 2 |
4 | ![]() | 0 | 1 | 0 | 1 |
![]() | 0 | 1 | 0 | 1 | |
6 | ![]() | 0 | 0 | 1 | 1 |
![]() | 0 | 0 | 1 | 1 | |
![]() | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Вкупно | 4 | 4 | 4 | 12 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Official Report of the XXVIII Olympiad (PDF). 2. Athens Organising Committee for the Olympic Games. November 2005. стр. 237–238. ISBN 960-88101-8-3. Архивирано од изворникот (pdf) на 19 August 2008. Посетено на 2 август 2008.
- ↑ Drape, Joe (2004-08-17). „It's Ready, Aim, Wait for the Mighty Wind Gusts to Die Down, and Fire“. The New York Times. Посетено на 2008-08-03.
- ↑ Berardino, Mike (2004-08-19). „Athens' 1896 Stadium is a Classic“. South Florida Sun-Sentinel. Посетено на 2008-08-03.
- ↑ „Beginner's Guide to Archery“. BBC Sport. 2004-04-23. Посетено на 2 август 2008.