Страјк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страјк
Родено имеВасил Димовски
Жанр(ови)рап
хип-хоп
Занимање/њарап артист
диџеј
графити артист
Години на активност1997 — сега
Продукциска куќа/ќиШурикен Рекордс
Bootlegs Basement Lab
Мрежно местоFacebook страница

Васил Димовски професионално познат како Страјк е македонски рап артист, диџеј и графити артист, член на рап групите Легијата и СТР2, како и соло изведувач. Страјк е активен на музичката сцена од 1997 како еден од основачите на Легијата, и еден од првите артисти кои сорабутаваа со Шурикен Рекордс[1][2]. Неговата музика е препознатлива по нејзиниот андерграунд уличен стил во која тој често обработува сурови теми за уличниот живот во Скопје.

Кариера[уреди | уреди извор]

Страјк ја започна својата музичка кариера во 1997 година како еден од основачите на рап групата Легијата, и еден од првите артисти што соработуваа со продукциската куќа Шурикен Рекордс, каде се појавува на првото издание – „SK Street Beatz”. Во 2001 заедно со Блажеј ја формираат групата СТР2 – насловена по графитите на Страјк, кратенка за “Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност”. Нивниот албум „Не заборавај“ беше издаден во јули 2007. Во 2002 тој настапува како диџеј на Да Џака Накот, со што покрај графитите и рапувањето ја опфаќа и третата гранка на хип-хопотдиџејството, а следната година започнува активна соработка со Диџеј Гоце САФ. Неговиот прв соло студиски албум „Кутија“ издаден во 2011 доби позитивни оценки од музичката критика и хип-хоп публиката воопшто, а во 2015 го продолжи овој успех и со вториот албум „Земен рај“ продуциран од Диџеј Гоце. Во 2018, Страјк го имаше својот прв соло концерт кој се одржа на 2 декември 2018 во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје како дел од 20-тото издание на музичкиот фестивал Таксират.[2] Во 2019, Страјк го издаде својот трет соло албум Низ мојот живот.[1]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Соло албуми[уреди | уреди извор]

СТР2 албуми[уреди | уреди извор]

Легијата албуми[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Страјк го промовира третиот соло албум „Низ мојот живот". popup.mk. Посетено на 8 мај 2022.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „СТРАЈК за првпат со самостоен концерт“. novatv.mk. 19 ноември 2018. Посетено на 8 мај 2022.