Страшо Ангеловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страшо Ангеловски
Роден 5 август 1959
Скопје
Националност Македонец
Деца Виделина и Благоја Ангеловски
Сегашна партијаТМОРО-ВЕП (водач)
Поранешни партииМААК-КП (водач)

Страшо Ангеловски (5 август 1959 во Скопје) е македонски политичар, претседател на македонската десничарска политичка партија ТМОРО-ВЕП и долгогодишен водач и претседател на некогашната МААК - Конзервативна Партија (подоцна МААК-ЕМО)[1]. Познат е по своите ставови и залагања за обединување на Македонија, поддршка и промивирање на современиот македонски национален идентитет како продолжение и директна врска со Античките Македонци. По занимање е дипломиран новинар.

Како претседател на МААК - Конзервативна Партија, Страшо Ангеловски во 1997 година, на своја иницијатива во Женева побара ревизија и поништување на Букурешкиот договор и обединување на Македонија. Во 2001 година организирал протести пред Собранието на Република Македонија со цел да се оневозможи изгласувањето на Охридскиот рамковен договор. Заедно со неговата партија МААК-ЕМО, тој во 2001 година се обиде и преку правна процедура да се поништи Рамковниот договор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дувњак, Гордана (5 мај 2008). „Партиите ги открија адутите за јунските избори“. Утрински Весник. Посетено на 2010-10-28.