Прејди на содржината

Страшниот суд (Мемлинг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страшниот суд на Ханс Мемлинг, доцни 1460-ти, Национален музеј, Гдањск

Страшниот судтриптих што му се припишува на старохоландскиот сликар Ханс Мемлинг и е насликан помеѓу 1467 и 1471 година. Сега се наоѓа во Националниот музеј во Гдањск, Полска. Бил нарачан од Анџело Тани[1], претставник на Медичиеви во Бриж, но бил заробен од Пол Бенеке, пират од Данциг (модерен Гдањск), за време на превозот по море. Долготрајната тужба против Ханзата барала негово враќање во Италија. Првично бил поставен во базиликата Успение на Пресвета Богородица, во 20 век бил преместен на сегашното место.

Датирање

[уреди | уреди извор]

Средишниот панел на олтарната слика, насликан со масло и темпера на дрво, е со димензии 242 × 180 см, а двете крила се со димензии 242 × 90 см. Сликата најверојатно е изработена помеѓу 1467 и 1471 година. Изворното дело се наоѓа во Националниот музеј во Гдањск, а копија има во црквата Успение на Пресвета Богородица во истиот град.[2]

Во средната плоча, Исус е прикажан како судија на светот, седи на виножито (Rz 4,3). Крин и меч се лево и десно од неговата уста и ги означуваат страните на благословените и на проклетите. Марија клечи на десната страна, Јован Крстител на левата страна со црна наметка со црвена линија над крзнената облека. Дванаесетте апостоли се наредени во полукруг. Под Исус е Архангел Михаил, вооружен до половината, како мерач на души. Судбината на проклетите е прикажана на десниот панел. Ѓаволите ги грабаат, ги влечат во пеколот. Лево е приемот на благословените во рајот (небесниот Ерусалим). Ги пречекува Свети Петар и повторно ги облекува.

На задната страна на двете крила е прикажан архангелот Михаил како се бори со змејот (ѓаволот) кој лежи на земја и крунисаната Марија со Младенецот Исус. Двете фигури стојат на плинтуси и се направени во техниката гризај. Во долниот појас на двете странични крила е дарителската двојка, во црно-црвено Анџело ди Јакопо Тани, претставник на банкарската куќа Медичи во Бриж, и неговата сопруга Катерина ди Франчесо Тангели, секој со својот грб.

Патот до Гдањск

[уреди | уреди извор]
Портрет на дарителот Анџело ди Јакопо тани, под Марија со Младенецот
Портрет на дарителката Катерина ди Франческо Танџели, под архангел Михаил

 Триптихот бил нарачан од Анџело ди Јакопо Тани (1415–1482) во Брисел околу 1467 година за капелата на архангел Михаил во Бадија Фиесолана, која била подарена од Медичи од Фиесола. Тани бил управител на банката Медичи во Бриж од 1455 до 1460 година.[3] Бродот со кој триптихот требало да биде донесен во Фиренца во 1473 година бил заробен од пират од Гдањск, брод на Ханзата, набргу по испловувањето. Дел од наградата, вклучувајќи ја и сликата, бил донесен во Гдањск. Истата и била подарена на црквата Успение на Пресвета Богородица. И покрај интервенцијата на Карло Храбриот, тогашниот војвода од Бургундија и папата Сикст IV, пленот останал во Гдањск. Градот Бриж му платил отштета на Томазо Портинари.

  1. Ko je triptih zaprt, sta Tani in njegova žena prikazana klečeča v molitvi.
  2. Utemeljeno predpostavko o slikarju te kopije najdete v blogu Kopija Hansa Memlinga "Zadnja sodba" in njena usoda
  3. „Karl Schütz. 2002. S. 15“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-08-30. Посетено на 2020-12-04.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Dirk de Vos: Hans Memling. Das Gesamtwerk. Stuttgart/Zürich 1994, ISBN 3-7630-2312-7
  • Dirk de Vos: Flämische Meister : Jan van Eyck, Rogier van der Weyden, Hans Memling. DuMont, Köln, ISBN 3-8321-7201-7
  • Karl Schütz: Der Danziger Weltgerichtsaltar von Hans Memling. In: Museumsbund. Wien 2002. S. 13–18

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]