Страчино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Страчино

Страчино,[1] познат и како крешенца, е италијански вид на кравјо сирење, типично за Ломбардија,[2] Пиемонт, Венето и Лигурија. Тоа се јаде кога е доста ново и младо, нема кора и има многу мека, кремаста текстура и обично има благ и нежен вкус. Најмногу се сретнува во форма на квадрат.

Името на сирењето потекнува од ломбардската придавка страч, што значи „уморен“. Се вели дека млекото што го произведуваат уморните крави што се спуштаат од алпските пасишта во есен, е побогато со масти и покисело. Според легендата, овие квалитети биле откриени во кравјото млеко. Кравите сезонски се преселувале, горе-долу по Алпите, на различни пасишта. Млекото на таквите крави му дава на сирењето карактеристични вкусови.

Страчино обично се јаде самостојно, но и како фил на некои видови леб: во Реко, на лигурската ривиера источно од Џенова, „focaccia col formaggio“ („сирење фочачиа“) или „focaccia di Recco“ обично се полни со крешенца, додека во Ромања и во делови од некои блиски региони (на пр. северна Марке, Умбрија и источна Тоскана) е класичен фил за касионе кој се прави од пиадина, тенок рамен леб.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fletcher, Janet (July 3, 2011). „Stracchino a worthy substitute for mozzarella“. SFGATE.
  2. „Paesi del Gusto“. Paesi del Gusto.