Страчатела (сладолед)
Страчатела — вид џелато со мали парчиња чоколадо промешани во него. Создаден е во Бергамо, северна Италија, во Ристоранте Ла Маријана во 1961 година. Страчателата е инспирирана од супата страчатела, направена од чорба во која се прелива изматено јајце, популарна низ Рим.
Опис
[уреди | уреди извор]
Производителите го добиваат овој вкус со преливање на растопено чоколадо во обичен млечен сладолед кон крајот на процесот на мешање; чоколадото се стврднува веднаш по допирот со ладниот сладолед, а потоа се крши и се меша во сладоледот со шпатула.[1] Овој процес создава парчиња чоколадо кои ѝ го даваат името на страчателата, што на италијански значи „мало парче“. Додека сладоледот страчатела традиционално вклучува млечен сладолед и млечно чоколадо, во помодерното време можат да се направат и со ванила и темно чоколадо.[2]
Потекло
[уреди | уреди извор]
Енрико Панатони, сопственикот на „Ла Маријана“, продавница за сладолед во Бергамо, во северна Италија, го измислил ова јадење во 1961 година. Според Панатони, идејата му дошла откако се изморил од мешање јајца во супа за да ги задоволи клиентите во неговиот ресторан кои постојано барале супа од страчатела.
Тој бил страствен за готвење храна и печива, по бројни експерименти, направи бел сладолед направен од крем покриен со неправилни парчиња темно чоколадо. За време на процесот на замрзнување, тој ставал доза растопено темно чоколадо кое веднаш се стврднувало, а потоа се кршело со лопатките на машината за сладолед.
Растопеното чоколадо што се стврднува и се крши во замрзнувачот потсетува на јајцето што се меша и спојува во врелата супа од страчателата ала романа. Страчателата ала романа била најпознатата "чиста" супа, заедно со таа супа, барав сладолед што би можел да го сакаат и ценат моите муштерии“, рекол Панатони.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ferrari, Luciano (2005). „Straciatella Gelato“. Gelato and Gourmet Frozen Desserts - A professional learning guide. Lulu.com. стр. 61. ISBN 978-1-4092-8850-3.
- ↑ Torre, Paul (14 June 2009). „Stracciatella Gelato“. The Italian Chef. Архивирано од изворникот на 20 April 2016. Посетено на 4 October 2013.
- ↑ „Storia – La Stracciatella“ (италијански). Посетено на 2020-12-20.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Страчатела (сладолед) на Ризницата ?