Страхил Досевски
| Страхил Досевски | ||
| Роден | 5 јануари 1912 година Шлегово, Косовски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 7 јули 1944 година Кратово, Царство Бугарија Убиен во заседа од бугарска полиција и домашни бугаромански предавници. | |
| Народност | Македонец | |
Страхил Зафиров Досевски (5 јануари 1912 во Шлегово — 7 јули 1944 во Кратово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Израснал во крајно бедно и многучлено семејство. Неговите родители немајќи егзистенција во селото, се преселиле да живеат во Кратово, каде Страхил со одличен успех го завршил основното и граѓанското училиште. Иако имал голема желба да го продолжи образованието, поради немање средства почнал да го изучува шивачкиот занает. Поминал две години како чирак во шивачка продавница, по што тој со скромна стипендија, помош од родителите и блиските негови, се запишал во учителската шкoлa во Неготин Краина. Таму имал допир со напредни ученици од кои се задоил со напредни идеи, работничкото и комунистичкото движење во Југославија и светот. Учителската школа ја завршил успешно, по што станал учител (познат како Страхил Даскалот) и уште подобар пропагатор на комунистичките идеи, поради што бил преместен од селото Опила да оди на работа во селото Секулица и постојано бил надгледуван од власта.[1]
Втора светска војна
[уреди | уреди извор]По капитулацијата на Југославија во 1941 година, извесно време бил невработен. Подоцна бугарската власт го испратила на работа како учител во територијата што е денес во Бугарија, но таму не останал долго време. По негово барање, тој успеал да се врати во вардарскиот дел на Македонија и се вработил во рудникот во Пробиштип. Тој во Пробиштип и Кратово се поврзал со напредните младински кругови и земал активно учество во сите поставени задачи за целите на НОВ. Во средината на февруари 1944 година (16 февруари 1944 година), Страхил заедно со Јове Гичев Михајловски и Гоче Пазавански стапуваат во кумановскиот баталјон „Јордан Николов“, а потоа во Третатa македонска ударна бригада. Земал учество во сите борби кои ги водела Треттатa македонска ударна бригада, а особено се истакнал во борбите при нападот на Кратово и рудникот во Пробиштип. За време на Пролетната офанзива, поради болест не можел да оди со бригадата за Грција и останал на кратовскиот терен. Подоцна, повторно се приклучил на бригадата. Во непосредна близина на Кратово бил предаден ѝ од заседа од бугарската полиција и контрачетници (составени од месни предавници односно бугаромани), на 7 јули 1944 година ѕверски бил убиен.[1]