Страхил Андасаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Страхил Андасаров
Andasarov Iliev Strahil.jpg
Роден 1927
Љубанци, Кралство СХС
Починал 14 април 1945(1945-04-14) (возр. 17–18)
Врпоље, Хрватска

Страхил Илиев Андасаров ( 1927 во Љубанци14 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој потекнува од службеничко семејство. Уште во раната возраст неговите родители се преселиле во Скопје, каде го продолжил обрзованието. Тој бил вклучен во напредното младинско движење и земал активно учество и во помагањето на НОВ. Со својата дејност и стaнaл сомнителен на бугарската фашистичка полиција, поради што се повлекол во родното село Љубанци.

Во септември 1944 година стапил во 16та македонска ударна бригада. Како нејзин припадник учествувал во многубројни крвави борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора, каде се истакнал како храбар борец.

По ослободувањето на Македонија, учествувал во пробивот на Сремскиот фронт како и во борбите кои следеле потоа. Загинал во битките против германските и усташките сили, во близината на Врпоље, на 14 април 1945 година.

Во близина на Љубанци, до манастирот „Свети Никола се наоѓа едно детско одморалиште кое го носи токму неговото име.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 24–25. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Детско Одмаралиште Страхил Андасаров“.
  3. Скопско црногорие од Бразда до Брњарци. Скопје: Гоце Делчев. 1999. стр. 199. ISBN 9989-35-022-1. На |first= му недостасува |last= (help)