Стратегијата Банкрофт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стратегијата Банкрофт
Податотека:Ludlum - The Bancroft Strategy Coverart.png
АвторРоберт Ладлам
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
ЖанрТрилер, Шпионски роман
ИздавачSt. Martin's Press
Страници544

„Стратегијата Банкрофт“ е шпонски роман, препишан на Роберт Ладлам, издаден по неговата смрт на 17 октомври 2006 година.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Андреа Банкрофт
  • Тод Белнап со псевдоним Кастор
  • Џеред Рајнхарт со псевдоним Полукс
  • Пол и Брендон Банкрофт
  • Вилијам Герисон

Резиме[уреди | уреди извор]

Тод Белнам, теренски агент на „Конзуларни Операции“ е отпуштен од агенција по една лошо завршена акција. Ама кога неговиот најдобар пријател и колега агент е киднапиран, а владата одбива да се вмеша, Белнап решава да ги земе работите во свои раце.

Во меѓувреме, Андреа Банкрофт дознава дека треба да наследи 12 милиони долари од братучед кој никогаш не го запознала, под еден услов: Таа мора да седне во одборот на фондацијата на семејството Банрофт. Бидејќи таа поголем дел од животот била оттргната од семејството на татко ѝ, оваа понуда ја зачудува. Ама каква врска има семејството Банкрофт со „Генеза“, мистериозен човек кој работи да го дестабилизира геополитичкиот баланс по ризик на милиони животи? Во низа на неверојатни случајности, Андреа и Белнап формираат сојуз за да ја откријат вистината зад „Генеза“, пред да биде предоцна.