Прејди на содржината

Странски делегати на Илинденското востание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Странски делегати на Илинденското востание
Интервју со Љубомир Милетиќ и Иван Георгов во рускиот весник „Новое время“ (Ново време), 1903 г.
УчеснициВМОК
МестоЗападна Европа и Царство Русија
Датумсептември 19031904 г.

Странски делегати на Илинденското востание — обид на Врховниот македонски комитет за поставување меѓународни односи со Западна Европа и Руското Царство. Организирано и спроведено за време на Илинденското востание и нивниот обид траел сѐ до 1904 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Со нападот на Смилево на 2 август 1903 година, почнало Илинденското востание. Првите дипломатски обиди биле организирани во втората половина на август од страна на Врховниот македонски комитет. Александар Протогеров и Димитар Агура ги определиле Љубомир Милетиќ од Штип и Иван Георгов од Велес за претставници на идната македонска држава во странство.[1] Тогашната руска влада била против делегацијата бидејќи меѓу дипломатите бил Одисеј Попов, митрополит на Бугарската егзархија.[2]

Во септември, голем дел од делегатите одлучиле да патуваат во Западна Европа додека Милетиќ и Георгов самоволно отидоа во Санкт Петербург. Биле пријатно примени но Николај II одби да има средба со нив.[2] Разговарале со кнезот Оболенски кој ги извести дека во Русија моментално се воведувале реформи и неможеа соодветна поддршка да прикажат. На 27 септември нивен интервју со весникот „Ново време“ бил објавен, во интервјуто ги истакнале главните цели на Македонската револуционерна организација и востанието. Милетиќ побарал помош за населението во Македонија и Одринско.[2]

Во ноември првите македонски делегати пристигнале во Западна Европа, меѓу нив бил генерал Иван Цончев со Илија Гологанов.[3] Биле финансирани со 3.000 леви од тогашниот премиер на Бугарија Рачо Петров. После Цончев отидол Борис Сарафов и Михаил Герџиков,[3] како дел од Задграничното претставништво.[4] После нив отидол Љубомир Стоенчев, претставник на Врховистите и Пјотор Дудорев, руски четник и учесник во востанието. Неколку месеци подоцна отидол Тома Карајовов.

Во 1904 година, со крајот на Илинденското востание, македонските делегати се повлекле и се вратиле во Етничка Македонија.

  1. Ристовски, Блаже (1978). Димитрија Чуповски (1878-1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград. Скопје: Култура. стр. 134.
  2. 1 2 3 Јовановски, Далибор (2015). Љубомир Милетич (1863-1937) (PDF). Скопје: УКИМ. стр. 60–61. ISBN 978-608-238-073-5.
  3. 1 2 Писмо от д-р Хр. Татарчев до Борис Сарафов и Михаил Герджиков с указанията на въпросите, които трябва да засягат в интервютата си по време на мисията си в Европа и на възможните допирни точки на ВМОРО с ген. Иван Цончев. (Софија, 16 декември 1903 година)
  4. Пандевски, Манол (1983). Внатрешната македонска револуционерна организација и неоврховизмот, 1904-1908. Скопје: Култура. стр. 39.